Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Одбележан Меѓународниот ден за безбедност и здравје при работа – намален бројот на повреди со смртен исход, засилени инспекциските надзори
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Одбележан Меѓународниот ден за безбедност и здравје при работа – намален бројот на повреди со смртен исход, засилени инспекциските надзори
Агровести

Одбележан Меѓународниот ден за безбедност и здравје при работа – намален бројот на повреди со смртен исход, засилени инспекциските надзори

Објавено 28/04/2026
Сподели
10 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Безбедноста и здравјето при работа не трпи импровизации, политиканство и суети и не смее да биде тема само кога ќе се случи трагедија, кога ќе загине работник. Оваа област бара индивидуална и колективна одговорност зашто не се сведува само на физичка заштита, туку подразбира и системска грижа за менталната благосостојба на луѓето, за организацијата на работата, за превенцијата на стресот и создавањето работни средини во кои секој ќе може да работи достоинствено, безбедно и продуктивно, порачаа учесниците на денешниот настан по повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа. 

Како што рече директорот на Државниот инспекторат за труд (ДИТ), Гани Максути, лани во однос на 2024 година бил намален бројот на повреди со смртен исход, а зголемен бил и бројот на надзори. Во 2025 година во споредба со 2024-та, забележано е намалување кај повредите при работа со смртни последици, 13 во сооднос со 8 или имало пет смртни случаи помалку. 

Во 2025 година биле реализирани и вкупно 26,484 инспекциски надзори од кои 10,748 во областа на безбедноста и здравјето при работа. Од овие 10,748 надзори, 2,179 биле редовни, 3,227 контролни, а 5,342 вонредни надзори. За БЗР, планирани биле 8,922 надзори во 2025 година, а извршени се 10,748 или 20 отсто повеќе.

– Во областа на БЗР од вкупниот број вонредни инспекциски надзори, 5,342 надзори извршени се 2,036 надзори со потешки повреди при работа кои предизвикале времена неспособност за работа повеќе од три дена, пет за колективни повреди при работа и осум надзори за повреди со смртни последици. Компаративно со податоците за 2024 година имаме намалување кај повредите при работа со смртни последици. Тоа е 13 во однос на 8, значи минус 5 смртни случаи, нагласи Максути, додавајќи дека ДИТ ги реализирал активностите со 124 инспектори, од кои 45 се инспектори за безбедност и здравје при работа, а 13 интегрирани.

Максути потенцира дека заложбата на ДИТ останува јасна – професионален, транспарентен и ефикасен инспекторат кој работи во интерес на државата, работниците и законитото работење на стопанството.

– Безбедност и здравје при работа мора да биде приоритет на сите учесници во работниот процес, како на вработените така и на работодавачите. Несреќите и повредите на работа мора да се минимизираат и сведат на најмала можна бројка. Тоа е сигурно во интерес на сите нас. Сигурно никој не сака да има изгубени работни саати и повредени работници. Само со системски пристап од сите релевантни чинители може да се овозможи несаканите последици како што се тешки повреди со смртни последици и повреди при работа, професионалните болести и болести поврзани со работа да се сведат на минимум. Државниот инспекторат за труд во наредниот период со помош на тековниот проект „Кон безбедна и здрава работна средина во Северна Македонија“ треба да ја унапреди својата улога, дејност, функција и капацитети како би придонел за подобрување на состојбата од аспект на законски должности преку остварување на поефикасни инспекциски надзори и контроли над примената на мерките за БЗР. Истовремено ќе постапуваме во согласност со насоките и приоритетите утврдени од Владата и Министерството за економија и труд со цел натамошно зајакнување на инспекциските надзори, подобрување на условите за работа, намалување на неформалната економија и обезбедување достоинствена и безбедна работа на сите работници, рече директорот.  

Според професорката Јасмина Чалоска, претседател на Советот за безбедност и здравје при работа, безбедноста и здравјето при работа не смеат да бидат тема во јавноста само кога ќе се случи трагедија на работното место. Тие мора да бидат постојан приоритет и дел од секојдневното работење.  

– Во изминатите 17 години од неговото формирање, Советот за безбедност и здравје при работа (БЗР) ги насочува своите активности кон усогласување на македонското законодавство со европското, кон промоција на превенцијата како инвестиција во работниците, а не трошок, како и кон донесување четиригодишна национална стратегија за БЗР, напомена професорката.

Претседателката на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), Владанка Трајкоска подвлече дека работодавачите имаат важна улога во создавањето здрави организациски култури.

– Дизајнирањето здрави психосоцијални работни средини мора да се гледа како процес: од подигнување на свеста, кон конкретни мерки и системски пристап. Тоа значи отворена комуникација, превенција на стрес, поддршка на вработените и градење организациска култура во која менталното здравје е приоритет, рече Трајкоска.

Според претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, 364 дена во годината треба да се зборува за безбедност и здравје при работа, а денес, на Меѓународниот ден за безбедност и здравје при работа, треба да се молчи и да им се оддаде почит на жртвите – на луѓето кои ги загубиле своите животи на своите работни места. Тој, во овој контекст, ги повика присутните со едноминутно молчење да им оддадат почит на сите работници кои ги загубиле своите животи на работното место. Не смееме, рече, да ги заборавиме имињата и презимињата на луѓето кои дошле на работа, а потоа не се вратиле дома, ниту нивните семејства, зашто тие потоа го поминуваат најтешкиот период од нивниот живот.   

– Мораме да оддадеме почит на луѓето кои ги загубиле своите животи на своето работно место, макар и денеска на Меѓународниот ден за безбедност и здравје при работа.  Состојбите треба да ги именуваме со вистинските имиња, зашто работникот доаѓа на работа да заработи за своето семејство, да ги извршува своите работни задачи, но пред сè доаѓа на работа во безбедни услови за работа и во безбедна средина, рече Трендафилов. 

Тој изрази надеж дека случајот кој беше пред неколку денови ќе го покаже спротивното, ќе покаже дека одговорните имаат име и презиме и ќе покаже дека тие мора да сносат одговорност. 

Тој се осврна и на колективните договори.

– Денеска треба да зборуваме како со колективни договори да утврдиме заштита од овие психосоцијални ризици на работните места. За жал, денеска колективното договарање е во огромен напад и со укинувањето или поништувањето на одреден колективен договор и можноста на укинување на другите колективни договори, се одзема можноста по пат на социјален дијалог да се уредат правата во областа на безбедноста и здравјето при работа, истакна Трендафилов и ги повика присутните денеска во 13:00 часот да се придружат на протестот пред Уставниот суд, како и на протестот за 1 Мај.

Во сесијата посветена на проектот, Милан Петковски, проектен координатор при МОТ, се осврна на психосоцијалните рефлексии низ призмата на проектот „Кон безбедна и здрава работна средина во Северна Македонија“, нагласувајќи дека податоците, иако системот за безбедност и здравје при работа функционира (со 26.484 инспекциски надзори и 6.359 утврдени неправилности), покажуваат дека фокусот сè уште е претежно на видливите, физички ризици. Во исто време, психосоцијалните ризици остануваат недоволно препознаени и евидентирани, иако имаат директно влијание врз здравјето, продуктивноста и организациската култура.

Настанот заврши со интерактивна работилница на тема „Дизајнирање здрави психосоцијални работни средини: од свесност до акција“, што ја водеа проф. д-р Драган Мијакоски и проф. д-р Сашо Столески. Работилницата овозможи дополнителна размена на ставови и искуства меѓу учесниците и отвори простор за дискусија за конкретни чекори што можат да се преземат во институциите, компаниите и организациите за подобра превенција и унапредување на менталната благосостојба на работното место.

Со денешниот настан беше испратена јасна порака дека иднината на безбедноста и здравјето при работа зависи од способноста на системот да ги препознае и адресира сите ризици – видливи и невидливи. Психосоцијалната работна средина, менталното здравје и квалитетот на работниот живот се важен дел од таа слика и мора да бидат интегрирани во јавните политики, институционалните практики и секојдневното функционирање на работните места.

Проектот „Кон безбедна и здрава работна средина во Северна Македонија“ продолжува да работи на јакнење на националната рамка за безбедност и здравје при работа преку реформи, институционално јакнење, дигитализација, поддршка на социјалните партнери и подигање на јавната свест, со крајна цел – побезбедни, поздрави и поодржливи работни места за сите.

МИА

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:безбедностЗдравјеинспекциските надзориМеѓународниот ден
Претходен напис Божиновска на UNECE Resource Management Week 2026: Инклузивната транзиција и одржливото управување со ресурси се темел на идната енергетска политика
Следен напис Цените на нафтата растат и покрај предлогот на Иран за повторно отворање на Ормуската Теснина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?