Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Божиновска на UNECE Resource Management Week 2026: Инклузивната транзиција и одржливото управување со ресурси се темел на идната енергетска политика
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Божиновска на UNECE Resource Management Week 2026: Инклузивната транзиција и одржливото управување со ресурси се темел на идната енергетска политика
Агровести

Божиновска на UNECE Resource Management Week 2026: Инклузивната транзиција и одржливото управување со ресурси се темел на идната енергетска политика

Објавено 28/04/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Присуството и учеството на Македонија на UNECE Resource Management Week 2026 уште еднаш ја потврдија стратешката позиција на државата како сигурен и кредибилен партнер во светските енергетски текови активно придонесувајќи кон обликувањето на меѓународните политики за одржлив развој и енергетска транзиција – велат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Во рамките на настанот, министерката Сања Божиновска учествувала на високопрофилен панел со наслов Social Engines of Sus-tainable Resource Management: Gender Equality, Intergenerational Justice, and why Extractive Legacies Matter, каде што испратила силни пораки за праведна, инклузивна и одржлива енергетска трансформација.

Во обраќањето Божиновска истакнала дека присуството на Македонија на овој значаен меѓународен форум претставува потврда за нејзината активна улога во глобалните процеси, а учесниците особено ја поздравија професионалната и беспрекорна организација на 14-тиот Меѓународен форум за енергија и одржлив развој во Скопје оценувајќи го како пример за успешно организирана меѓународна конференција, од која произлегуваат нови партнерства и конкретни активности.

Божиновска нагласила дека енергетската транзиција не е само технолошки процес, туку длабока општествена трансформација, која мора да се темели на еднаквост, инклузија и меѓугенерациска одговорност. Таа истакнала  дека родовата еднаквост и балансот меѓу генерациите не се споредни прашања, туку суштински двигатели на одржливото управување со ресурси и енергетскиот развој.

Во излагањето министерката се осврнала и на улогата на жените и младите во енергетскиот сектор нагласувајќи дека иднината на индустријата ќе биде поуспешна, поиновативна и поотпорна доколку овие групи се целосно вклучени во процесите на одлучување и креирање политики.

– Кога зборуваме за енергетска транзиција, зборуваме за луѓе, за можности и за праведност. Жените и младите не се само учесници во овој процес, тие се негови носители – истакнала таа додавајќи дека вистинскиот напредок почнува кога талентот, а не полот или возраста, е критериум за успех.

Особен акцент бил ставен и на концептот на меѓугенерациска правда, при што Божиновска нагласила дека денешните политики мора да обезбедат долгорочна одржливост и одговорно користење на природните ресурси, со цел идните генерации да имаат повеќе, а не помалку можности.

Таа посочила дека Министерството веќе активно соработува со универзитети и млади професионалци преку практикантства, партнерства и институционално вклучување, при што значителен дел од кадарот се млади луѓе, што претставува јасна насока кон инвестирање во иднината. – Да создадеме систем кој не е товар за утрешнината, туку основа за нејзин развој – рекла Божиновска.

Според неа, одржливото управување со ресурси бара заедничка акција и силна меѓународна соработка и затоа, како што рекла, ниедна држава не може самостојно да се справи со предизвиците на енергетската транзиција. Во таа насока, таа потенцирала дека Македонија останува посветена на интеграција во европските и глобалните енергетски текови, развој на обновливи извори на енергија и зајакнување на институционалните капацитети за транспарентно и одржливо управување.

– Одржливоста не е крајна цел, туку континуиран процес, кој бара визија, храброст и партнерство – порачала министерката додавајќи дека вистинската сила на енергетската транзиција лежи во луѓето, во нивната еднаквост и во заедничката одговорност за иднината.

Со ова учество, Северна Македонија, велат од Министерството, уште еднаш ја потврдува својата определба за активно учество во глобалните процеси за одржливо управување со ресурси, праведна енергетска транзиција и унапредување на меѓународната соработка во енергетскиот сектор. 

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:UNECE Resource Management Week 2026Божиновскаполитикатранзиција
Претходен напис Зеленски: Подготвуваме пакет санкции против актерите вклучени во извозот на украдено жито
Следен напис Одбележан Меѓународниот ден за безбедност и здравје при работа – намален бројот на повреди со смртен исход, засилени инспекциските надзори
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?