Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од утре гарантирана цена и за безалкохолните пијалаци, донесена одлука и за намалување на профитните маржи кај овошјето и зеленчукот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Од утре гарантирана цена и за безалкохолните пијалаци, донесена одлука и за намалување на профитните маржи кај овошјето и зеленчукот
Агровести

Од утре гарантирана цена и за безалкохолните пијалаци, донесена одлука и за намалување на профитните маржи кај овошјето и зеленчукот

Објавено 26/09/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Гарантираната цена, освен кај прехранбените производи, од утре ќе важи и за безалкохолните пијалаци, газираната и негазираната вода и пивото. Покрај оваа одлука, денеска Владата на седница донесе одлука и за намалување на маржите кај овошјето и зеленчукот. Со ова се очекува намалувањето на цените да биде од 10 до 30 проценти. 

Одлуката за намалување на цените, како што објави попладнево премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција, денеска ќе биде објавена во „Службен весник“ и од утре стапува на сила. 

Ковачевски смета дека има доволно време да се направи корекција на цените. 

-Кога се работи за зголемување на цените, тие може преку ноќ да се зголемат, така што истото тоа  може да биде направено и за намалувањето на цените, рече Ковачевски на прес-конференцијата во Владата.

Гарантираната цена, освен кај прехранбените производи, од утре ќе важи и за безалкохолните пијалаци, газираната и негазираната вода и пивото. Покрај оваа одлука, денеска Владата на седница до

Производителите на безалкохолни пијалаци и на вода, како што посочи Ковачевски објавувајќи ги денешните одлуки, самоиницијативно се приклучиле кон мерката „гарантирана цена“.

Највисоките цени на овие производи, со исклучок на енергетските пијалоци, се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 19 септември, а трговците на мало се должни да ги сменат цените на овие производи и да ги одбележат со натписот „гарантирана цена“. 

„Гарантираната цена“ за сите овие производи ќе важи до 30 ноември.

Претходно, Владата веќе овозможи 50 производи во 24 категории од пекарската, млечната и месната индустрија да се намалат за најмалку 10 проценти во однос на цената која ја имале на 1 август. 

Во однос на овошјето и зеленчукот денеска е донесена одлука за определување на највисока трговска (профитна) маржа. Во трговијата на големо таа се утврдува во вкупен износ до 10 проценти, а во трговијата на мало во износ од 15 проценти. 

– Пред нас следат одлуки за намалување на увозните давачки на свеж зеленчук, ориз, портокали, лимони, мандарини, како и намалување на царинските стапки на млечните производи со масленост над 10 проценти. И ова се одлуки кои ќе бидат донесени во текот на наредните денови, објавени и спроведени во пракса, рече Ковачевски. 

Очекува дека со овие мерки ќе се стабилизира инфлацијата до крајот на годината.

– Тоа веќе се покажа со зголемувањето на платите во јули годинава, кога беше надминато зголемувањето на инфлацијата. Со септемвриските покачувања за 10 проценти на платите, како и линеарното зголемување на пензиите согласно со методологијата која беше утврдена во текот на изминатиот период очекуваме двоцифрената инфлација да падне на 8 проценти, а за храната да достигнеме до 5 проценти, рече Ковачевски. 

Апелираше до трговците и до големопродавачите да ги почитуваат мерките, а граѓаните да алармираат до Државниот пазарен инспекторат за сите неправилности доколку ги воочат. 

МИА

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:гарантирана ценазеленчуковошје
Претходен напис Кочански „Водовод“ ќе разменува компост за оризова слама со земјоделците за да се намали нејзиното палење
Следен напис Во Србија Денови на македонската култура на Кавадарци и Ковин со вино, храна, музика, филмови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?