Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кочански „Водовод“ ќе разменува компост за оризова слама со земјоделците за да се намали нејзиното палење
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Кочански „Водовод“ ќе разменува компост за оризова слама со земјоделците за да се намали нејзиното палење
Агровести

Кочански „Водовод“ ќе разменува компост за оризова слама со земјоделците за да се намали нејзиното палење

Објавено 26/09/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Комуналното претпријатие „Водовод“ од Кочани од оваа жетвена сезона ќе почне со размена на оризова слама за компост, во рамки на активностите за заштитата на животната средина од палењето на остатоците од жетвата на оризот.

Управниот одбор на претпријатието донесе одлука со која е определена вредноста на размената за кубен метар компост, а што се добива како финален производ во станицата за пречистување на отпадните води.

– Согласно препораките од донаторот, Владата на Швајцарската Конфедерација, произведениот компост треба да се разменува со оризова слама за да се намали негативното влијание врз амбиенталниот воздух при нејзиното палење. Продажната цена за кубен метар компост изнесува две илјади денари без данокот на додадена вредност, а цената за откуп на една бала слама изнесува 50 денари. За да се стимулираат земјоделците да ја разменуваат сламата за компост и заради промоција на компостот, во првите 24 месеци од донесувањето на одлуката, еден кубен метар ќе се разменува за 40 бали слама, се наведува во одлуката на Управниот одбор на КЈП „Водовод“.

По истекот на двегодишниот промотивен период за размена на компостот за слама ќе се донесе нова одлука со која ќе се определи вредноста на финалниот производ.

Кочанското комунално претпријатие ја дополни дејноста на работење и почна со производство на органското ѓубриво со мешање на оризовата слана со филтрираните и наталожени цврсти материи во отпадната вода од пречистителната станица. За целиот процес се потребни големи количини слама, па наместо земјоделците да ја палат, таа се собира од полињата и се транспортира до станицата.

Просечно годишно се складираат по околу шест илјади бали слама, што е многу помалку од максималниот капацитет што може да се преработи. Просечно дневно се добиваат околу 17 кубни метри отпадна тиња, а по мешањето со сламата се произведуваат 26 кубни метри компост. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ВодоводкомпостКочанскиоризова сламапалење
Претходен напис „Дрисла“ се соочува со казна од 120 илјади евра и шест илјади евра за управителот за загадување на Маркова река
Следен напис Од утре гарантирана цена и за безалкохолните пијалаци, донесена одлука и за намалување на профитните маржи кај овошјето и зеленчукот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?