Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од кохезиските и земјоделските фондови на ЕУ најмногу корист имале Хрватска и Грција
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Од кохезиските и земјоделските фондови на ЕУ најмногу корист имале Хрватска и Грција
АгровестиФондови

Од кохезиските и земјоделските фондови на ЕУ најмногу корист имале Хрватска и Грција

Последна измена: 16/08/2024 11:04
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Хрватска и Грција се најголемите корисници на средства од фондовите за спроведување на кохезијата и заедничката земјоделска политика на Европската Унија, покажува истражувањето на германскиот Институт за економија (IW).

Хрватска била најголемиот нето-примател на пари од кохезиониот фонд со 2,45% од нејзиниот бруто национален приход. По неа следува Словачка со 2,06%, Унгарија со 1,77%, Летонија со 1,76% и Бугарија со 1,39% од својот БНД.

Целта на Кохезиониот фонд е да поттикне рамномерен развој на земјите од Европската Унија. Како израз на солидарност со помалку развиените земји и региони, сите членки на ЕУ уплаќаат во тој фонд пропорционално на нивната економска сила, а парите ги користат помалку развиените земји.

Трошоците на ЕУ за кохезионата политика се намалија минатата година, втора година по ред. Тоа, според толкувањето на Институтот (IW), може да се објасни со фактот дека редовно се случува со започнувањето на трошењето на новиот повеќегодишен буџет, бидејќи исплатите од претходниот буџет престанале.

Кога станува збор за фондовите на ЕУ за земјоделството, кои се инструменти на Заедничката земјоделска политика, најголем корисник била Грција. Износот што го повлекла оваа земја врз основа на заедничката политика за земјоделство и рурален развој на Унијата изнесувал 1,05% од нејзиниот БДП.

По неа најголеми корисници биле Бугарија, Литванија, Летонија и Унгарија.

ЕУ ја спроведува Заедничката земјоделска политика преку Земјоделскиот гарантен фонд и Европскиот земјоделски фонд за рурален развој.

Истовремено, Грција, со 1,31 отсто од БДП, пропорционално добила најмногу пари од фондот на „ЕУ Следната генерација“ (NextGenerationEU), а потоа следат Португалија и Хрватска со по 1,2 отсто.

Благодарение на најважниот елемент од вонбуџетниот план на овој фонд, земјите-членки можат да добијат неповратни заеми од ЕУ за спроведување реформи, за инвестиции, решавање на економски и енергетски проблеми.

Може да ви се допадне

Дурмиши: Нема драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи
Во Демир Хисар се одржа Саем за пчеларство и пчелни производи
„Од нива до трпеза – сè од нашата општина“, промоција на македонски производи во Скопје
Мицкоски: Поддршка за земјоделството, да купуваме македонски производи
Во првиот квартал 5.717 купопродажби и 2.327 закупи на недвижности, запишани 2.596 хипотеки
Таг:ГрцијаЕУкористфондовиХрватска
Претходен напис (ВИДЕО) Трипуновски: Следната година 20 милиони евра инвестиции во системи за наводнување
Следен напис Од недела променливо и нестабилно време со пад на температурите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?