Без електрична енергија денеска од 8:30 до 11:30 часот ќе бидат дел од корисниците на улиците „Среќко Пужалка“, „Товарник“ и корисниците што се напојуваат од ТС „Стрелиште Камник“ во општина Гази Баба.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека од 8:35 до 11:35 часот без струја ќе останат и дел од корисниците на улиците „Архиепископ Доситеј“ и „Павле Илиќ“ во општина Чаир.
Во периодот од 9 до 12 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат корисниците од улица 4 број 1 и околните куќи во населеното место Ржаничино, општина Петровец.
Од 11:55 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Методија Митевски“ и „Петра Ичко“ во општина Чаир, додека од 12 до 15 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат корисниците на улиците „Модест Мусоргски“, „Карл Хром“ и „Карл Либнехт“ во општина Гази Баба.
Од ЦУК додаваат дека прекините се поради зафати на електродистрибутивната мрежа.
ЦУК

