Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од 42-рата седница на Владата: Укинати сите ковид мерки освен носењето маски во здравствени установи, аптеки и домови за возрасни и лица со попреченост
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Од 42-рата седница на Владата: Укинати сите ковид мерки освен носењето маски во здравствени установи, аптеки и домови за возрасни и лица со попреченост
Агровести

Од 42-рата седница на Владата: Укинати сите ковид мерки освен носењето маски во здравствени установи, аптеки и домови за возрасни и лица со попреченост

Објавено 03/05/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 42-ра седница ги прифати предлозите на Главниот координативен кризен штаб утврдени според препораките на Комисијата за заразни болести.

Согласно овие предлози Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки освен задолжителното носење заштитни маски во здравствените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Со заклучок од седницата, Владата ги реафирмира препораките за почитување и практикување на основните превентивни мерки за заштита како што се негрупирање и одржување физичка дистанца, носење заштитни маски на јавни места, посебно во затворен простор кога нема можност за физичка дистанца, како и редовна лична хигиена, проветрување на затворените простории и самоизолација во домашни услови при услови на симптоми на заболувања на респираторниот систем.

Со заклучоците од седницата на Владата им се препорачува на здравствените домови да ја интензивираат теренската вакцинација на возрасните лица над 80 години заради нискиот опфат со имунизација на оваа старосна група, како и да продолжи вакцинацијата меѓу здравствените работници.

На оваа своја седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од прогласување на Охридско Езеро за заштитено подрачје во категорија III – споменик на природата.

Како заклучок со оваа Информација Владата донесе Одлука за прифатливост на предлогот и го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање да спроведе јавна расправа по предлогот до 30 јуни 2022 година, врз основа на што ќе се изготви конечен предлог за прогласување на Охридско Езеро за заштитено подрачје во категорија III-споменик на природата.

Оваа иницијатива доаѓа согласно препораките на УНЕСКО за заштита на Охридското Езеро за да се овозможи: заштита, зачувување и одржливо користење на природните вредности, назначување на субјект за управување кој ќе се грижи за заштитеното подрачје и донесување на План за управување согласно одредбите од Законот за заштита на природата.

Со прогласувањето ќе се постигне прогрес во однос на имплементација на националната легислатива за заштита на природата,  Националната стратегија за заштита на природата со Акционен План (2017-2027), Националната стратегија за биолошка разновидност со Акциски План за период (2018-2023), како и прогрес во имплементација на обврските од ЕУ директивите за живеалишта и птици, обврските од меѓународни конвенции, кои се ратификувани од нашата држава, како што се Конвенцијата за биолошка разновидност, Бернската Конвенција, CITES, Бонската Конвенција, Рамсарската Конвенција и други.

На денешната седница Владата го утврди текстот на предлог-законот за ратификација на Конвенцијата за договорите за избор на надлежен суд.

Конвенцијата за договорите за избор на надлежен суд, усвоена во рамките на Хашката Конференција за меѓународно приватно право во Хаг, од 30 јуни 2005 година има за цел да ја осигура ефикасноста на спогодбите за избор на суд (познати и како „клаузули за избор на форум“ или „клаузули за јурисдикција“), помеѓу страните во меѓународните трговски односи.

Конвенцијата претставува инструмент кој ќе овозможи судскиот начин на решавање на споровите да стане стварна и привлечна алтернатива на меѓународната трговска арбитража, притоа трудејќи се да обезбеди поголема правна сигурност за прекуграничниот бизнис и да креира поповолна клима за меѓународната трговија и вложувањето, онака како што истакнува и Меѓународната трговска комора.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:владакоморамаскимерки
Претходен напис Министерот Николовски ја посети Цвета Нацева од Ерџелија, добитничка на грант од 3000 евра преку мерката „Рурална жена“
Следен напис Николовски од Свети Николе: Започнуваме теренска кампања, преку која сакаме уште еднаш да им ги презентираме мерките директно на земјоделците
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?