Попладнево ја посетив Цвета Нацева од село Ерџелија. Цвета е сопруга, и мајка на 3 деца, вредна и успешна земјоделка. Преку мерката „Рурална жена“ таа е добитник на грант од 3000 евра со што го модернизира своето производство.

Преку Програмата за рурален развој ги мотивираме жените земјоделки да се занимаваат со земјоделство и да придонесуваат во овој сектор.

Со последниот јавен повик кој трае до 20.05.2022 година финансиската поддршка за мерката „Рурална жена“ ја зголемивме двојно, од 3000 на 6000 евра.
Продолжуваме да креираме ефикасни мерки и политики за што повеќе жени во земјоделството.
Фејсбук-статус на министерот Љупчо Николовски
