Од 4 до 8 мај, на плоштад „Македонија“ во Скопје, ќе се одржи манифестацијата ВиноСкоп 2022.
„Најдраги наши љубители на виното, со огромна доза на среќа Ви соопштуваме дека оваа година сме дел од организацискиот тим на 12-тото издание на ВИНОСКОП. Од 4-8 мај, на нашето омилено место – плоштад Македонија во Скопје, ќе се дружиме на ВиноСкоп 2022! Ова поглавје заедно ќе го исполниме со многу љубов и насмевки, придружени со огромен избор на домашно и странско вино, вкусна храна и најдобра музика.
Автентичноста на фестивалот и овој пат ќе ја докажеме со внимателно одбрани винарии, како и богата музичка програма која наскоро ќе ја споделиме со Вас – нашите главни ликови во приказната. Бидете спремни и за дегустации на вино и неодоливи деликатеси приготвени во посебното ќоше за храна.
Бидете спремни за многу новитети и изненадувања! Ајде заедно да ја раскажеме нашата омилена приказна!
Нашата омилена приказна – ВиноСкоп!
Фејсбук-статус на Wines of Macedonia
