Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од 117-та седница на Владата: Усвоена новата Стратегија за вработување која предвидува стапката на невработеност да падне на 11%
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Од 117-та седница на Владата: Усвоена новата Стратегија за вработување која предвидува стапката на невработеност да падне на 11%
Агровест

Од 117-та седница на Владата: Усвоена новата Стратегија за вработување која предвидува стапката на невработеност да падне на 11%

Објавено 02/11/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 117-та седница ја донесе Националната стратегија за вработување 2021-2027 година со вклучен Акциски план.

Согласно трендовите на закрепнувањето на економијата и на пазарот на трудот, спроведувањето на Стратегијата е предвидено во две фази, од кои првата е пред сè фокусирана на ублажување на негативните последици на пандемијата од КОВИД-19 врз вработувањето и воведување на потребните реформи за почеток на втората фаза (од 2024 до 2027 година) на политиките, која е попрогресивна и насочена кон приближување до Стратегијата за вработување на Европската Унија.

Според проекциите за вработеноста, стапката на учество на вработените во вкупното население до 2027 година ќе се зголеми на 60 проценти, додека стапката на невработеност ќе опадне на 11 проценти за работоспособното население.

Националната стратегија за вработување е придружена и со Гаранцијата за млади, чиј план за спроведување ќе се преформулира во 2022 година за да се земе предвид постигнатиот напредок, влијанието на пандемијата врз вработувањето на младите и прилагодувањата воведени во Програмата за поддршка на младите на ЕУ со што се очекува значително поголемо вработување на младите.

На оваа своја седница, врз основа на Извештајот на Работната група за изнаоѓање начин за регулирање на јазично покривање на македонски и албански јазик на спортските канали кои се реемитуваат на територијата на Република Северна Македонија, Владата им препорача на сите радиодифузери што реемитуваат спортски содржини на територијата на Република Северна Македонија, најдоцна до 31 декември да започнат да ги имплементираат одредбите од Конвенцијата на ЕУ за прекугранична телевизија и да ги емитуваат спортските медиумски сервиси на македонски и на албански јазик.

Владата денеска го утврди Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Албанија за воспоставување на заеднички гранични премини според концептот на заеднички гранични контроли.

Според текстот на законот, станува збор за гранични контроли со едно застанување (One-stop shop), и поедноставени постапки, кои се спроведуваат на еден заеднички граничен премин.

Концептот на заеднички гранични контроли и поедноставени постапки на единствен граничен премин води кон забрзување и поедноставување на протокот на граничните премини.

На денешната седница Владата го утврди текстот на Предлог-законот за ратификација на Договорот за воена финансиска соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Турција, како и текстот за Предлог-законот за ратификација на Меморандумот за разбирање за олеснување на патниот транспорт на стоки во регионот на Организацијата за црноморска економска соработка.

Министрите во Владата денеска ја разгледаа и усвоија и информацијата за клучните наоди и препораки од Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2021 година, во кој се констатира дека земјата продолжува да ги исполнува условите за отворање на пристапните преговори, и дека властите јавно ја демонстрираат својата цврста посветеност за напредок на земјата на нејзиниот пат кон ЕУ.

Комисијата ги повика земјите членки без одлагање да ја усвојат Преговарачката рамка и да се одржи првата Меѓувладина конференција, и укажа дека одложувањето на официјалното започнување на пристапните преговори има негативно влијание врз кредибилитетот на ЕУ.

Согласно извештајот на Европската комисија, Владата го задолжи Секретаријатот за европски прашања, во соработка со ресорните министерства да ја ажурира Агенда Европа дома согласно краткорочните приоритети од Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2021 година најдоцна до 22 ноември 2021 година.

Може да ви се допадне

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари
МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Азески: Успешните примери во бизнисот, наместо пример за младите, кај нас се „сомнителни лица“ кои се правдаат зошто се успешни?!
Растат цените на нафтата на светските берзи
Таг:2122владаекономијазаев
Претходен напис Џеф Безос вети две милијарди долари за намалување на ерозијата на почвата
Следен напис По утринската магла, нѐ очекува сончево и топло време
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?