Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од 1 јануари, во недела 50 отсто повисока дневница за суштинските, 100 отсто за несуштинските дејности
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Од 1 јануари, во недела 50 отсто повисока дневница за суштинските, 100 отсто за несуштинските дејности
Агровести

Од 1 јануари, во недела 50 отсто повисока дневница за суштинските, 100 отсто за несуштинските дејности

Објавено 21/12/2021
Сподели
10 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од 1 јануари наредната година треба да почнат да се применуваат измените на Законот за работни односи кои ја дефинираат недела како неработен ден, откако вчера Собранието ги усвои на пленарна седница. Усвоени беа и измените во Законот за трговија, во кој исто така се регулира дел од работата во недела. Согласно законските измени, за 92 проценти од работниците недела треба да биде неработен ден.

За останатите, кои ќе работат во недела, измените предвидуваат за најмалку 50 проценти поголема дневница и слободен ден за оние кои се дел од дејностите неопходни за функционирање на општеството, дејности во кои работниот процес не смее или не може да биде запрен, како и 100 отсто поголема дневница и слободен ден за оние кои ќе работат во несуштинските дејности на кои ќе им биде дозволено да работат.

Како дејности кои мора да работат за нормално функционирање на општеството, во Законот за работни односи се наведени одгледување животни, мешовито фармерство, вадење на јаглен и лигнит, вадење на руди на метал, печатење и издавање на весници, производство на леб, слатки во свежа состојба и бисквити, производство на плочи, листови, цевки и профили од пластични маси, производство на индустриски гас, производство на метали, аптеки, снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад идејности на санација на околината, како и копнен, цевоводен, воден и воздухопловен транспорт.

Во овие дејности спаѓаат и складирање и помошни дејности во превозот, објекти за сместување, дејности за подготовка на оброци и служење на храна, филмска дејност, дејности за видео и телевизиска програма, емитување програма, телекомуникации, информативни услужни дејности (хостирање, обработка на податоци, интернет портали и сл.), прикажување филмови, фотографски дејности, ветеринарни дејности, изнајмување и давање под закуп (лизинг) на моторни возила, дејности на приватна заштита и услуги на заштита со помош на сигурносни системи, но и дејности на повикувачки центри.

Како суштествени се наведени и општите дејности на јавната управа, само за итни и неодложни работи поврзани со одржување на седници, инспекциски надзори, а кои работи се од витално
значење за државниот и јавниот интерес, работи на одбраната, судски и правосудни дејности, работи на јавниот ред и безбедноста, дејности на пожарникарската служба, дејности за здравствена заштита, дејности на социјалната заштита со сместување, креативни, уметнички и забавни дејности, дејности на музеите, дејности на зоолошки градини и природни резервати, спортски, забавни и рекреативни дејности, погребни и слични дејности, царинска служба на гранични премини, дејности кои имаат карактер на помошни или придружни дејности со цел непречено функционирање на дејностите од овој став, врз основа на склучен договор со работодавачот од дејностите од овој став, како и работни места од други дејности кои не се опфатени со овој став, а имаат карактер на помошни и придружни работи за непречено извршување на основната дејност на работодавачот.

Со измените и дополнувањата на законот за трговија се регулира и работата на дел од трговските субјекти кои ќе можат да работат во недела. Согласно законот, трговијата на мало може да се врши во специјализирани продавници или киосци за продажба на сладолед, колачи и апетисани, цвеќиња, сувенири, филигранство, весници и цигари, во туристичките места утврдени со Законот за туристичка дејност, како и во продавниците на бензински станици во чии рамки се врши трговија на мало претежно со храна, пијалоци и тутун.

Законот предвидува и да можат да работат продавници, киосци и штандови во трговските центри (молови) кои имаат минимална ефективна површина за трговија на мало од 8.000 м2, штандови и киосци каде што се продаваат добра за време на спортски настани, фестивали и манифестации, саеми и за време на јавната проекција на кинематографски дела, во продавници за трговија на мало со храна (без зеленчук и овошје), пијалоци и тутун во кои трговијата се врши лично само од сопственикот на продавницата и зелените пазари.

Овој закон вчера беше на расправа пред пратениците беше усвоен, но поради тоа што владата прифати дополнителен амандман од ДУИ тој ќе оди на трето читање.

Работникот кој ќе работи во дејностите кои се исклучок од Законот, покрај правото на додаток на плата за работа во недела, имаат право и на користење на неделен одмор во наредните седум дена. Додатокот на плата за работа во недела изнесува најмалку 50 педесет проценти за секој час поминат на работа, доколку со закон и колективен договор не е утврден повисок износ на додатокот.

Измените предвидуваат во случај на природна и друга несреќа или хаварија и спречување на последиците од нив или кога таква несреќа непосредно се очекува, на барање на работодавачот, работникот е должен да работи во недела заради заштита на животот и здравјето на луѓето и спречување на непоправлива материјална штета.

Работодавачите кои ќе го прекршат законот ќе се соочат со забрана за работа од 15 дена и прекршочна пријава. Доколку работодавачот го повтори истиот прекршок во рок од една година, забраната за работа ќе биде 30 дена. Во периодите на забрана за работа, работодавачот ќе има обврска на работниците да им исплаќа надоместок на плата во висина на платата исплатена претходниот месец и притоа, не смее да го намали бројот на вработените.

-Недела неработен ден e реалност. Владата и Министерството за труд и социјална политика го исполнија ветувањето што им го дадоа на работниците. Од први јануари, недела ќе биде ден за неделен одмор за 92 проценти од работниците, порача министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска по повод изгласувањето на Законот за работните односи со кој се утврдува недела како неработен ден.

Целта на ова законско решение, според МТСП, е воспоставување рамнотежа меѓу професионалниот и приватниот живот на работникот, како предуслов за нивна мотивација и поголема ефикасност на работното место.

-Работниците се нашиот најголем капитал. Нивниот труд мора да се почитува и вреднува. Затоа, оние што ќе бидат ангажирани во дејностите кои заради техничко-технолошкиот процес не смеат да бидат прекинати, ќе добиваат најмалку 50 отсто повисока дневница за работа во недела и слободен ден кој ќе можат да го искористат во наредните седум дена, вели Шахпаска.

Таа додаде дека вработените во трговските центри, односно моловите, кои ќе работат во недела ќе добиваат двојно повисока дневница, односно дневница зголемена за 100 отсто. А дополнително, 2 отсто од прометот остварен во моловите во претходната година за работењето во недела и празници ќе бидат наменети за изградба на нови детски градинки.

Иницијатор на измените за недела неработен ден е Сојузот на синдикатите на Македонија од каде велат дека суштината на социјалниот дијалог е да се почитува договореното и оти така јакне довербата помеѓу социјалните партнери. Така, велат од ССМ, тие се мотивираат за унапредување на системот на преговарање како начин за уредување на законите и националните политики и стратегии.

-Во услови на светската здравствена криза, предизвикана од ковид-19, се покажа дека повеќе од потребно е недела да биде неработен ден за сите работници. По пат на социјален дијалог со Влада и работодавачите, со денешното гласање во Собранието од страна на пратениците, успеавме да го обезбедиме ова право на работниците, велат од ССМ. Оттаму посочуваат дека едно од главните нивни барања на протестот одржан на 12-ти месецов денеска е изгласано од страна на пратениците во Собранието и конечно почнува да се применува од 1 јануари 2022 година.

– Деведесет и два проценти од работниците ќе одмараат, а оние осум проценти кои работат во дејностите во кои не може да се прекине работниот процес, за работа во недела ќе добиваат најмалку дополнителни 50 отсто додаток на плата за секој поминат час за работа во недела, а синдикатите здружени во ССМ веќе преку колективните договори обезбедија и 100 проценти додаток на плата за работа во недела, наведуваат од ССМ.

ССМ смета дека ова претставува одличен пример за унапредување на работничките права преку создавање на правна рамка за почитување на демократските вредност.

Може да ви се допадне

Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Таг:nedelapazarнеделанеработен ден
Претходен напис (Фото) Амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз, го посети Валандово
Следен напис Почна „Отворен Балкан“, Рама ги повика Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово да станат дел од иницијативата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?