ЕУ ќе обезбеди фонд во износ од 264 милијарди евра за поддршка на европските земјоделци во транзицијата кон одржливо и поотпорно земјоделство и за зачувување на виталноста и различноста на земјоделските области.
Заедно со кофинансирање и дополнително национално финансирање, вкупните средства од јавниот буџет за земјоделците и руралните заедници во периодот од 2023 до 2027 година ќе достигнат сума од 307 милијарди евра. Сите стратешки планови го поттикнуваат одржливиот приход на земјоделските стопанства и издржливоста на земјоделскиот сектор како една од клучните цели.
Директните плаќања според ЗЗП ќе продолжат да служат како заштитен механизам за земјоделците. Речиси 20 милијарди евра основна поддршка на приходите ќе им се доделуваат на земјоделците кои ги исполнуваат условите. Но, доколку сакаат да добијат поддршка, земјоделците ќе мора да применуваат построги основни стандарди за добри земјоделски и еколошки услови. Се очекува дека овие стандарди ќе покриваат речиси 90% од земјоделското земјиште во ЕУ.
Во новата ЗЗП, повеќе јавни средства ќе бидат насочени кон оние на кои најмногу им е потребна поддршка. Руралните области во ЕУ се соочуваат со различни предизвици, кои се нагласени во долгорочната визија за руралните области на ЕУ, вклучувајќи депопулација, пристап до основните услови или нивно подобрување, можности за вработување и подобра поврзаност.
All set for the start of the new Common Agricultural Policy.
With €264 billion, the new CAP will support 🇪🇺 farmers in the transition towards a sustainable and resilient agricultural sector, and help preserve the vitality and the diversity of the rural areas.
Read more ↓
— European Commission 🇪🇺 (@EU_Commission) December 14, 2022
Во рамките на ЗЗП ќе се инвестира во социјалната и економската база на руралните области на ЕУ. Специјалната поддршка за младите земјоделци зазема важно место во сите одобрени планови, а земјите членки го надминаа минималниот услов од 3% од директните плаќања за генерациско обновување. Јавните средства во вкупен износ од 8,5 милијарди евра ќе им помогнат на младите земјоделци да започнат бизнис, да инвестираат во него и да го одржат во првите години од работењето.
Се очекува во периодот од 2023 до 2027 година, вкупно 377.000 нови млади земјоделци да започнат со полн капацитет да вршат земјоделска дејност. Некои земји членки планираат да направат дополнителни напори за поттикнување генерациска промена на земјоделските фарми, зголемување на родовата еднаквост во руралните области и зајакнување на положбата на жените во земјоделството.
