Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заев: Патот од Бутел до Љуботен ќе го стимулира локалниот и економскиот развој и ќе отвори можности за развој на руралниот туризам
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Заев: Патот од Бутел до Љуботен ќе го стимулира локалниот и економскиот развој и ќе отвори можности за развој на руралниот туризам
Агровести

Заев: Патот од Бутел до Љуботен ќе го стимулира локалниот и економскиот развој и ќе отвори можности за развој на руралниот туризам

Објавено 25/09/2020
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски присуствуваа на увид на реконструкција на патот Бутел- Љуботен.

Во продолжение Ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Заев во целост:

„Навистина ми претставува голема чест и задоволство што денеска сме заедно тука – на увид во втората фаза од градежните работи на патот од селото Бутел до селото Љуботен. Овој важен инфраструктурен проект е поткрепен со близу 11 милиони денари од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, а се реализира и со неповратни средства од Програмата за рурален развој.

Сакам да истакнам дека оваа делница во должина од 7 километри се реконструира прв пат по 28 години. Таа е дел од нашите заложби и граѓаните од руралните средини да добијат соодветни услови за живот.

Делницата ќе значи подобро инфраструктурно поврзување на над 5. 000 жители на селото Љуботен и туристичкото место Башинец, додека жителите на селото Љубанци, Раштак и Љуботенски пат ќе имаат можност за многу пократко време да пристигаат во Скопје.

Искрено се надевам дека овој пат ќе го стимулира и локалниот економски развој, ќе отвори можности за развој на руралниот туризам и ќе обезбеди полесен пристап и поврзаност на земјоделците.

Цели 10 години нивото на инвестиции во инфраструктурата во нашата држава беше на ниско ниво, со што станавме инфраструктурно заостаната земја, со рурални средини без основни животни услови.

Токму затоа Владата е цврсто решена да вложува во изградба на развиена инфраструктура, а ги стопираме инвестициите во непродуктивни проекти, каков што беше Скопје 2014. Наша стратешка цел е реализацијата на проектите: „Македонија мегалополис“, инфраструктурно поврзување меѓу најголемите центри за не повеќе од 90 минути, и „Македонија без црни точки”.

Усвоивме план за инвестиции во патната инфраструктура од приближно 3 милијарди евра преку кои во наредните години ќе изградиме 600 километри автопатишта и експресни патишта, 550 километри магистрални и регионални патишта и 1.000 километри локални патишта.

Секој километар добар асфалтен пат е многу значаен за граѓаните. Без разлика дали е автопат, регионален или локален пат. Добрата поврзаност на населените места е од животно значење за секојдневието на граѓаните.

Со овие мерки и политики, сакаме да ги мотивираме граѓаните да создаваат сопствени бизниси и да ги развиваат и руралните средини, без оглед на нивната местоположба. Само преку квалитетни услови за живот може да влијаеме врз намалување на одливот на младите, односно да ги задржиме во родните огништа.

Сакам да изразам задоволство што и во овие вонредни услови предизвикани од пандемијата со КОВИД-19, докажуваме дека со заеднички сили можеме забрзано да ги  реализираме капиталните проекти на територијата на целата држава.

Ја користам оваа прилика да изразам голема благодарност пред сѐ до работниците кои со почитување на сите протоколи за заштита,  неуморно работат на изградбата на овој пат.  Воедно се заблагодарувам и на изведувачот и надзорот, како и на локалното население.

Сакам само да додадам дека државата во Општина Бутел, во зоната Визбегово со 4.5 милиони евра сериозно работи на водоводот и канализацијата и верувам дека во скоро време со министерот Бочварски и градоначалникот Велимир, ќе се појавиме во Визбегово за да го завршиме овој проект што го зборувам, бидејќи за овој проект се зборува од независноста на Македонија до сега. Во исчекување сме на 9 милијарди за Западен Балкан и поддршка на инфраструктурни проекти каде што некаде помеѓу 800 милиони и 1 милијарда ќе се однесуваат токму на капитални инвестиции. Развивме национален инвестиционен план со кој што верувам дека ќе помогнеме на селата, на градовите, но и на развојот на севкупната инфраструктура во државата”.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:градежни работизоран заевобраќање на премиеротсело Бутелсело Љуботен
Претходен напис Министерот Арјанит Хоџа, оствари средба со Постојаната претставничка на UNDP во Република Северна Македонија г-ѓа Нарине Сахакјан
Следен напис Следува врнежливо време и намалување на температурите – детали
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?