Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Обработливото земјиште најевтино во Хрватска, во Холандија 20 пати поскапо – Огромни варијации на цените во ЕУ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Обработливото земјиште најевтино во Хрватска, во Холандија 20 пати поскапо – Огромни варијации на цените во ЕУ
Пазари

Обработливото земјиште најевтино во Хрватска, во Холандија 20 пати поскапо – Огромни варијации на цените во ЕУ

Објавено 03/12/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цените на обработливото земјоделско земјиште во Хрватска беа најниски во рамки на Европската Унија во 2020 година, а Холандија е на врвот на листата, каде што ораниците беа над 20 пати повисоки, покажа во вторникот извештајот на Европската статистичка служба.

Еден хектар обработливо земјоделско земјиште минатата година во Хрватска чинеше во просек 3.440 евра, се наведува во извештајот на Евростат.

Блиску се и Естонија и Словачка со 3.772, односно речиси 4.000 евра. Во Летонија и Литванија просечниот трошок бил нешто над 4.000 евра, а во Унгарија речиси 5.000 евра. Следува Бугарија со нешто повеќе од 5.000 евра.

Во Франција, хектар обработливо земјиште лани чинеше во просек околу 6.000 евра, а во Романија повеќе од 7.000 евра.

Полска и Грција се меѓу земјите од ЕУ каде што еден хектар во 2020 година чинел повеќе од 10 илјади евра.

Еуростат нема податоци за Белгија, Германија, Кипар, Малта, Австрија и Португалија, а податоците за Данска, Италија, Луксембург и Холандија се однесуваат на 2019 година.

Купувачите морале да потрошат најмногу на обработливо земјиште во Холандија, во просек 69.632 евра по хектар во 2019 година. Цените на земјиштето во сите региони на Холандија биле повисоки од просекот во сите земји на ЕУ со податоците на Евростат, се вели во извештајот.

Најскап бил хектар на шпанските Канарски острови каде што во просек чинел 120.477 евра.

Во хрватскиот статистички регион Јадранска Хрватска, хектар обработливо земјиште лани чинел просечно 4.462 евра, а во Панонска Хрватска 3.504 евра.

Најниска цена платиле купувачите на обработливо земјиште во југозападниот регион на Бугарија, во просек 2.051 евро по хектар, откри Еуростат.

Цената на земјиштето зависи од голем број фактори, вклучувајќи ги државните регулативи, климата, близината на инфраструктурата, квалитетот на почвата, локацијата и одводнувањето, но и од понудата и побарувачката, „вклучувајќи го и влијанието на законот за странски инвестиции“, соопшти Еуростат.

Обработливото земјиште во сите региони на ЕУ чии податоци ги имаше Евростат минатата година било поскапо од пасиштата, а најголема разлика има во грчкиот Северен Егеј, каде што купувачите морале да платат 20 пати повеќе за земјоделско земјиште отколку за пасишта.

Земјиштето што може да се наводнува е поскапо во речиси сите региони на ЕУ од она кое не ја вклучува таа можност, утврди Еуростат.

Така, купувачите на земјиште што може да се наводнува во Мурсија, Шпанија, плаќаат дури шестпати повеќе од земјиштето за кое оваа опција не е достапна, покажуваат податоците на Европската статистичка служба.

Може да ви се допадне

При опасност од сериозни нарушувања на ПАЗАРОТ СО ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ, Владата може да воведе посебни МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА додека не помине нарушувањето
Како се врши ИНТЕРВЕНТЕН ОТКУП НА ПЧЕНИЦА согласно Законот за земјоделство и рурален развој
Како е регулиран ОТКУПОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ согласно Законот за земјоделство и рурален развој
Раст на извозот и увозот на земјоделско-прехранбени производи во ЕУ
Кои се добитниците, а кои губитниците во трговскиот договор меѓу Кина и САД?
Таг:обработливо земјиште
Претходен напис „Slow Wine салон 2021“ денеска и утре во Битола
Следен напис Ангеловска-Бежоска на конференција на ОН: Банките со сѐ поголема посветеност на зелените кредити ‒ лани раст од 23%
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?