Прелиминарната прогноза на FАО за светското производство на пченица во 2023 година укажува на пад во споредба со претходната година. Сепак, со 784 милиони тони, глобалниот принос сепак би бил втор највисок забележен.
Во САД и Канада, земјоделците, поттикнати од повисоките цени, ја зголемија површината со зимска пченица. Станува збор за најголемите површини од 2015 година. Загрижува сушата во центарот на Големите Рамнини, но прогнозите покажуваат дека доаѓаат повеќе врнежи. Поради тоа би можело да дојде до зголемување на вкупното производство на таа житарка.
Во Канада, официјалните проекции укажуваат на натпросечна засеана површина во 2023 година. Се очекува земјоделците позитивно да реагираат на високите откупни цени и дека временски услови ќе бидат поволни. Производството на пченица би можело да достигне 35 милиони тони.
Европа бележи пад на вкупното производство на пченица, додека засеаната површина во Европската Унија остана главно непроменета. Благодарение на поволната временска прогноза се очекува принос од 136,5 милиони тони. Обединетото Кралство очекува зголемување на површините, но и намалување на производството во однос на 2022. Очекуваат принос од 14,4 милиони тони.
Поради сушата во јужните региони, помалата површина под зимски посеви и пониските домашни цени, Русија очекува производството да биде под минатогодишниот рекорд. Производството во Украина ќе биде помало за 40 отсто.
Во Северна Африка, дефицитот на врнежите негативно влијаел на посевите во Мароко, Алжир и Тунис. Поволни се условите за пченица на јужната хемисфера. Површината на пченка во Бразил е зголемена поради силната извозна побарувачка. Се предвидува принос од 123,7 милиони тони. Врнежите на крајот од сезоната во Аргентина доведоа до подобрување на условите за доцните рокови на сеидба.
