Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ и ИМЕ го одржаа централниот настан за промоција на новата Програма за финансирање на земјоделски производители на храна
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЗШВ и ИМЕ го одржаа централниот настан за промоција на новата Програма за финансирање на земјоделски производители на храна
Агровести

МЗШВ и ИМЕ го одржаа централниот настан за промоција на новата Програма за финансирање на земјоделски производители на храна

Објавено 16/03/2023
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во рамките на теренската кампања за подобра информираност на земјоделците и промоција на новата Програма за финансирање на земјоделски производители на храна, вчера во Скопје се одржа централен настан со големо присуство на претставници на земјоделски здруженија и мали производители.

Настанот беше организиран од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопантсво со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ.

„Целта на кампањата е преку активни директни средби со малите производители, да им се презентираат придобивките од Програмата и да се мотивираат да аплицираат во што поголем број. Кампањата веќе тече низ целата држава, активно се вклучени тимови од МЗШВ, АФПРРЗ, АПРЗ и АХВ. За поголема информираност, во партнерство со Швајцарската програма ИМЕ, изработено е и кратко видео со опис на сите чекори кои треба да ги преземат производителите со цел да се евидентираат во АХВ како оператори со храна и како да аплицираат на јавните повици за финансиска поддршка кои веќе се во тек“ изјави министерот Николовски.

Основната информација која ќе им го отвори патот на сите заинтересирани е дека за да учествуваат на повикот треба да се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и да се регистрирани или евидентирани како оператори со храна од животинско, односно неживотинско потекло, во Агенцијата за храна и ветерина.

Ова е прв и основен чекор за аплицирање, а потоа следи обезбедување на останатите документи пропишани со јавните повици. 

Крајниот рок за доставување на барањата за финансирање е заклучно со 02. април 2023 година. Ова значи дека има доволно време да се обезбеди потребната документација и да се охрабрат производителите да аплицираат.

Висината на финансиската поддршка согласно оваа програма изнесува до 600.000,00 денари по корисник без вклучен ДДВ за следните намени:

– трошоци за набавка на опрема за производство на храна (доработка и преработка на примарни земјоделски производи) во висина до 90% и/или

– трошоци за ангажирање на стручно лице (технолог за производство на храна) во висина до 10% од вкупниот износ од висината на финансиската поддршка по корисник.

Финансиската поддршка се остварува со поднесување на Барање до Министерството за неповратна финансиска поддршка. Барањето се доставува во еден оригинален примерок во писмена форма заверен и потпишан од страна на барателот. Еден корисник може да поднесе само едно барање за доделување на финансиска поддршка согласно Програмата. Барањето заедно со документите се доставува во затворен плик преку пошта на адреса: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул. Аминта трети број 2, 1000 Скопје или со предавање во архивата на министерството секој работен ден 9.00 до 15.00 часот.

Дополнително, на сите заинтересирани корисници на грантот од програмата, Швајцарската програма ИМЕ ќе обезбеди обука на малите семејни бизниси за финансиско работење, маркетинг и користење на дигитални алатки за промоција и директна продажба. Со тоа, поддршката е целосна и опфаќа не само поддршка во финансиски средства за набавка на опрема туку и помош како понатаму да го развиваат производството, да ги промовираат и продаваат производите а со тоа да си обезбедат приход и одржливо производство, што е и крајна цел на нашите заеднички напори.

Сите детални информации како и документи за превземање за двата повици достапни се на следниве линкови:

https://www.mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&News=2906

https://www.mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&News=2905

Во продолжение ви споделуваме линк за превземање на видеото со цел поголема промоција на Програмата и максимална информираност на сите кои се потенцијални апликанти:

https://we.tl/t-LADPVVMtYu

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Претходен напис Објавени раните прогнози за производството на пченица во 2023 година
Следен напис Зголемен водостојот на Преспанското Езеро
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?