Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Објавен вториот повик за предлог-проекти во рамките на ИПА III-програмата за прекугранична соработка С. Македонија – Албанија 2021-2027
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Објавен вториот повик за предлог-проекти во рамките на ИПА III-програмата за прекугранична соработка С. Македонија – Албанија 2021-2027
Јавни огласи и повици

Објавен вториот повик за предлог-проекти во рамките на ИПА III-програмата за прекугранична соработка С. Македонија – Албанија 2021-2027

Објавено 13/10/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европската комисија го објави вториот повик за доставување предлог-проекти во рамките на ИПА III-програмата за прекугранична соработка Северна Македонија – Албанија 2021 – 2027, со наслов „Програма за прекугранична соработка Северна Македонија – Албанија во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА III), алокации за 2024 година“ – соопшти Министерството за локална самоуправа.

Повикот има цел да ги поттикне организациите од двете земји да развиваат и спроведуваат заеднички проекти што придонесуваат за унапредување на прекуграничната соработка.

– Заинтересираните организации се повикуваат навремено да почнат со подготовка на своите проектни предлози, како и со воспоставување контакти и координација со потенцијалните прекугранични партнери. Раното планирање и ефективната соработка меѓу партнерите се важни предуслови за подготовка на квалитетни и одржливи проектни предлози – се вели во соопштението.

Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ истакнал дека преку европската територијална соработка се создаваат можности локалните заедници заеднички да одговорат на предизвиците, да ги развиваат своите капацитети и да ги искористат локалните потенцијали.

– Министерството за локална самоуправа е национален орган за ИПА III-програмата за прекугранична соработка Северна Македонија – Албанија 2021 – 2027, со алокација од 3.430.000 евра, и ја поздравува објавата на новиот повик. Упатувам благодарност до Европската Унија и до Делегацијата на Европската Унија за континуираната поддршка и досегашната успешна соработка. Министерството ќе продолжи да работи на зајакнување на можностите за локален и регионален развој, како и на зголемување на бројот на проекти што ќе се реализираат во рамките на прекуграничната соработка – нагласил министерот.

Од вкупно 62 проекти, истакнал тој, за прекугранична соработка, што се реализирани или се во фаза на реализација, само два се спроведуваат во соработка со Република Албанија.

– Ова укажува на потребата за значително зголемување на бројот на заеднички проекти во иднина. Затоа ги повикувам единиците на локалната самоуправа и сите заинтересирани партнери активно да се вклучат во новиот повик – истакнал Стоилковиќ.

Крајниот рок за доставување на концепт-нотите е 15 јануари 2027 година. Станува збор за ограничен повик, во чија прва фаза апликантите треба да достават концепт-нота (анекс А.1 – образец за аплицирање за грант: концепт-нота).

Целосната документација, условите и насоките за аплицирање се достапни на порталот за финансирање и тендери на Европската Унија: https://ec.europa.eu/info/funding-tenders/opportunities/portal/screen/opportunities/prospect-details/187670PROSPECTSEN?isExactMatch=true&status=31094501,31094502,31094503&frameworkProgramme=111111&programmePart=&order=DESC&pageNumber=1&pageSize=50&sortBy=startDate.

Во рамките на повикот ќе бидат организирани и информативни сесии за потенцијалните апликанти. Сесиите се планирани приближно 15 дена по објавувањето на повикот, а дополнителните информации за датумите, локациите и начинот на организација ќе бидат објавени дополнително. 

МИА

Може да ви се допадне

Повик за изразување интерес за специјалист за животна средина и социјални прашања за Проектот Злетовица
Повик за појавување на интерес за организирање на саеми од областа на земјоделството и руралниот развој за промоција на производи од територијата на Република Северна Македонија од страна на земјоделски производители 03/2026
ОБЈАВЕН ЈАВЕН ПОВИК БР. 03/2026 – МЕРКА 8 ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА СТОЧАРСКИОТ СЕКТОР
СООПШТЕНИЕ за пријавувањето за полагање на испит за добивање на лиценца за проценител на тутун
Продолжен рокот за Јавните повици за државно земјоделско земјиште
Таг:АлбанијаИПА III-повикС. Македонија
Претходен напис Министерот Серафимовски на „Wine Vision by Open Balkan“ во Белград
Следен напис Божиновска поканета во Управувачкиот комитет на нова европска мрежа за климатски прашања
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?