Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Објавен јавниот оглас за финансиска поддршка – од 600 до 800 денари пониски сметки за струја ќе добијат над 7.500 домаќинства со ниски приходи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Објавен јавниот оглас за финансиска поддршка – од 600 до 800 денари пониски сметки за струја ќе добијат над 7.500 домаќинства со ниски приходи
Агровести

Објавен јавниот оглас за финансиска поддршка – од 600 до 800 денари пониски сметки за струја ќе добијат над 7.500 домаќинства со ниски приходи

Објавено 11/01/2022
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за економија денеска го објави јавниот повик за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лица со ниски примања за 2022 година, објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил.

Како што информираше министерот за оваа мерка обезбедени се 60 милиони денари.

Со цел да се обезбеди заштита на ранливи потрошувачи на енергија, согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година Министерството за економија денеска објави јавен оглас за доделување на финансиска поддршка на лицата со ниски примања во 2022 година чии редовни месечни примања во домаќинството не го надминуваат нето приходот од 30.000 денари и тоа за:

– самец до 15.194 денари; – домаќинство со два члена до 18.000 денари; – домаќинство со три члена до 21.000 денари  – домаќинство со четири члена до 25.000 денари; и – домаќинство со пет члена и повеќе до 30.000 денари.

Според јавниот оглас објавен на веб- страната на Министерството за економија, лицата со ниски примања се стекнуваат со финансиска поддршка преку намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 600 до 800 денари месечно сметано од денот на поднесување на барањето.

Доделувањето на финансиската поддршка го врши Министерството за економија преку селекција на пристигнатите барања од домаќинствата со примена на принципот на најниски примања во домаќинство во 2021 година за секоја од категориите наведени во овој оглас, се до исцрпување на предвидените средства согласно програмата.

Право на учество на овој јавен оглас имаат лицата со ниски кои ќе поднесат Образец за барање за искористување на финансиска поддршка кој може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на Министерството.

Со барањето за искористување на финансиската поддршка барателот до Министерството за економија задолжително ги доставува следните документи:

-изјава заверена на нотар со која се потврдува дека целокупната приложена документација кон барањето е точна и веродостојна (образецот на изјавата ќе може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на министерството.

-потврда од работодавецот за висината на исплатена плата во 2021 година или извештај од банка за уплатени пензиски примања од Фонд за ПИОМ (чек за пензиски примања) за висината на исплатената пензија во 2021 година и извод од банка за сите трансакциски сметки за 2021 година за подносителот и на членовите на домаќинството (доколку се вработени или приматели на пензија);

– потврда од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија со која се докажува дека членовите на домаќинството не се вработени, доколку истите не се вработени и/или потврда од Фонд за ПИОМ дека членот на домаќинството не е примател на пензија.

-доказ за членовите на домаќинството на барателот во фотокопија (лична карта за полнолетни лица, извод од родени за малолетни лица, извод од венчани, потврда за развод или посмртница за член од домаќинството);

-фотокопија од последната добиена сметка за 2021 година за потрошена електрична енергија во домаќинството;

-лицата со ниски примања 1 (самец) доставуваат изјава заверена на нотар со која потврдуваат дека живеат сами и со која се потврдува дека целокупната приложена документација кон барањето е точна и веродостојна. Образецот на изјавата (ЗА САМЕЦ) може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на министерството; и

-фотокопија од лична карта на барателот и членовите на домаќинството (доколку се полнолетни).

Барањето за искористување на финансиска поддршка заедно со потребната документација, барателите по пошта ќе го достават во затворен плик до Министерство за економија на адреса „Јуриј Гагарин“ бр.15, 1000 Скопје, со назнака – јавен оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лица со ниски примања за 2022 година, име и презиме и адреса на барателот и задолжително назнака за број на членови на домаќинството (самец, домаќинство со два члена, домаќинство со три члена, домаќинство со четири члена, домаќинство со пет члена и повеќе).

Финансиската поддршка се доделува на месечно ниво по корисник во времетраење од 12 месеци.

На ранливите потрошувачи на енергија согласно програмата коишто користат гарантирана минимална помош и остваруваат паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството во согласност со член 42 од Законот за социјална заштита и старите лица согласно член 7 од Законот за социјална сигурност на стари лица не им следува финансиска поддршка од овој оглас.

Рокот за аплицирање по овој јавен оглас изнесува 30 дена сметано од денот на објавување на јавниот оглас.

Јавниот повик и потребната документација може да ја најдете на веб-страната на Министерството за економија на следниот линк: https://www.economy.gov.mk/doc/3070

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:денариминистерогласструја
Претходен напис Бабовски во Делчево, продолжуваат активностите за сузбивање на африканската свинска чума
Следен напис (ВИДЕО) Ископана длабока јама – почна битката со африканската чума во Делчевско
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?