Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бабовски во Делчево, продолжуваат активностите за сузбивање на африканската свинска чума
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бабовски во Делчево, продолжуваат активностите за сузбивање на африканската свинска чума
Агровести

Бабовски во Делчево, продолжуваат активностите за сузбивање на африканската свинска чума

Објавено 11/01/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски денеска имаше работна средба со градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски. Единствена точка беше појавата на африканска свинска чума на подрачјето на Општина Делчево и мерките кои се преземаат за нејзино сузбивање.

По првичното констатирање на вирусот кај единки во одгледувалиште во делчевското село Драмче, како што истакна Бабовски, спроведена е акција за депопулација на домашните свињи во радиус од три километри од првичното жариште, за што сопствениците ќе добијат финансиско обештетување.

-Тоа нема да биде на нивна штета и нема да има финансиски негативен ефект врз ,,држателите” на овие животни. Во останатата надзорна зона, која се протега во радиус од 10 километри исто така ќе се изврши депопулација. Кај оние свињи кај кои ќе се дијагностицира дека се во добра здравствена состојба и дека кај нив не е присутен вирусот, од секоја една свиња ќе се земе примерок за испитување, ќе одат на економско искористување во кланиците, каде што на сопствениците ќе им биде надоместено, исто така финансиски се она што претставува пазарна вредност на овие животни – рече Бабовски.

Според него, целта на мерките што ги презема АХВ деновиве преку активирање на Националниот центар за контрола на болести заедно со сите институции и локалната самоуправа, е државата што побрзо да си го поврати статусот на земја слободна од африканска свинска чума.

-Досега се боревме и ја заштитивме државата од влијанијата од соседните држави, каде веќе беше констатирана оваа болест која е доста контагиозна, завршува со летален исход по свињите и претставува голема економска штета која може да се јави во свињарството. Заради тоа уште од првиот ден, 6 јануари 2022, имаме комплетна мобилност на Агенцијата, на локалната самоуправа и на сите членки во Националниот центар за контрола на болести – додаде директорот.

Во изминатите пет дена, како што додаде градоначалникот Трајковски, се мобилизираше и Општината. Во координација со АХВ и Кризниот штаб секојдневно се одржуваат координативни состаноци. Тој апелираше на зголемена свест на сите засегнати – да се почитуваат мерките утврдени со цел спречување на натамошно ширење на болеста.

-Иако ова жариште, за жал, е на територија на нашата општина, да придонесеме сите да не се рашири на територијата на други општини и цела држава, зашто би имале многу поголеми финансиски импликации и како држава и како луѓе. Како локална самоуправа ќе работиме на подигање на свеста на фармерите – рече Трајковски.

Тој најави дека заедно со Јавното комунално претпријатие, МВР и сите останати, Општината во координација со АХВ, ќе продолжи да ги презема сите потребни активности за болеста да се стави под контрола. 

МИА

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:бабовскиделчевосвинска чума
Претходен напис МЗ: Почетокот на учебната година ќе зависи од епидемиолошката состојба во Македонија
Следен напис Објавен јавниот оглас за финансиска поддршка – од 600 до 800 денари пониски сметки за струја ќе добијат над 7.500 домаќинства со ниски приходи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?