Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Објавен јавен повик за вршење на активности од јавен интерес од областа на здравствената заштита на животните бр. 1/2021
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Објавен јавен повик за вршење на активности од јавен интерес од областа на здравствената заштита на животните бр. 1/2021
Јавни огласи и повици

Објавен јавен повик за вршење на активности од јавен интерес од областа на здравствената заштита на животните бр. 1/2021

Објавено 05/04/2021
Сподели
8 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Објавен е јавен повик за вршење на активности од јавен интерес од областа на здравствената заштита на животните бр. 1/2021

Агенцијата за храна и ветеринарство објавува ЈАВЕН ПОВИК БР. 1 /2021 за вршење на активности од јавен интерес од областа на здравствена заштита на животните.

Врз основа на член 40 став (8) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/07, 24/11, 136/11, 123/12, 154/15 и 53/16) Агенцијата за храна и ветеринарство објавува јавен повик за покажување на интерес за вршење на активности од јавен интерес од областа на здравствена заштита на животните.

Предмет на јавниот повик

Предмет на овој јавен повик e давање на јавно овластување за вршење на активности од јавен интерес од областа на здравствена заштита на животните согласно Законот за здравствена заштита на животните, Законот за идентификација и регистрација на животните, Годишната наредба за здравствена заштита на животните, како и други мерки за превенција и сузбивање на заразни болести кои ќе бидат наредени од Агенцијата на ветеринарни амбуланти, клиники, болници и ветеринарни служби на одгледувалишта одобрени по јавниот повик спроведен во мај 2020 година, а согласно член 40 став (8) од Законот за ветеринарното здравство.

Повикот се однесува за сите епизоотиолошки единици односно општини во Република Северна Македонија.

Услови за пријавување на јавниот повик

Право на учество

Право на учество имаат сите правни лица со регистрирана дејност – ветеринарно-здравствена дејност, како ветеринарна амбуланта, клиника односно станица или болница и ветеринарна служба на одгледувалиште кои во моментот ги исполнуваат условите за вршење ветеринарно-здравствена дејност, а се одобрени по јавниот повик објавен во maj 2020 година. На повикот може да се јават правните лица, регистрирани за вршење ветеринарно – здравствена дејност заклучно со денот на објавувањето на повикот.
Краен рок за доставување на апликациите е пет работни дена сметано од наредниот ден од денот на објавување.

Документи во прилог на апликацијата

Апликација за интерес (Образец 1)
Документи за правна, економско-финансиска и професионална состојба на апликантите. Како доказ за правната, економско финансиската и професионалната состојба, понудувачот треба да ги достави следните документи:
Решение за одобрение за работа;
Записник потпишан од официјален ветеринар за правното лице, за секој поединечен објект со кој правното лице аплицира (Образец 2);
За докажување на способноста за вршење на професионалната дејност, понудувачот треба да достави со својата понуда документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран. Документ издаден од Централниот регистaр на РМ за регистрирана дејност – ветеринарно-здравствена дејност;

2.2.2.4 Лична состојба

-во последните 5 години, на понудувачот да не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;

-на понудувачот да не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;

-на понудувачот да не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;

понудувачот да не е во постапка за стечај или во постапка за ликвидација;

понудувачот да нема неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки; освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа;

-на понудувачот да не му е изречена прекршочна санкција – забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност, и

  • понудувачот е должен да дава точни податоци и да ги доставува податоците што ги бара договорниот орган.

Доказ дека со правосилна пресуда не е изречена мерка на безбедност-забрана за вршење дејност на секој носител на дејност (доктор по ветеринарна медицина) со кој понудувачот се јавува на конкурсот, издадена од надлежен Основен суд;
Изјава од одговорното лице за веродостојност на податоците од апликацијата (Образец 3).

Сите документи кои се доставуваат, треба да бидат доставени во оригинален примерок, или како копија заверена кај нотар. Сите документи, освен Решението за одобрение за работа издадено од Агенцијата за храна и ветеринарство и документот издаден од централен регистар на РСМ за регистрирана дејност-ветеринарно здравствена дејност , не треба да се постари од 6 месеци.

Овлластувањето на ветеринарни друштва се врши откако набавувачот ќе ја провери правната, економско-финансиската состојба, како и професионалната способност на апликантот за извршување на активностите.

Исклучување од понатамошна постапка

Од учество во понатамошна постапка на повикот ќе бидат исклучени апликанти кои:

не ги исполнуваат бараните критериуми од точките2.1 и 2.2 или
не ги исполнуваат условите согласно Законот за ветеринарното здравство и Правилник за условите за одобрување на ветеринарна амбуланта, ветеринарна клиника, ветеринарна болница и ветеринарна служба на одгледувалиште („Службен Весник на Република Македонија“ бр.124/18) и Правилникот за условите што треба да ги исполнува ветеринарската служба на одгледувалиште („Службен весник на Република Македонија“ бр. 54/08).

Начин на пријавување

Целата документација треба да се достави уредно во затворен плик со назнака „НЕ ОТВАРАЈ за јавен повик број 1/2021“. Документацијата се доставува до Агенцијата за храна и ветеринарство на улица III-та Македонска бригада бр. 20, 1000 – Скопје. Доставената документација не се враќа.

Апликациите за интерес треба да се доставуваат во еден оригинален примерок кој треба да биде заверен и потпишан (секоја страница) од страна на одговорното лице на апликантот.

Апликациите кои не се предадени во рокот, како и оние кои не се изготвени според пропозициите на јавниот повик нема да бидат разгледувани.

Отворањето на понудите се врши во присуство на овластените претставници на апликантите, при што секој апликант има право да номинира само по еден претставник на отворањето. Претставникот задолжително треба да има писмено овластување од одговорното лице на правното лице.

Понудите ќе се отвораат на 13.04. 2021 година во 10 часот.

Контакт за подетални информации
Тел: 02-2457893 и 02-2457873

Факс: 02-2457893, лок. 141

e-mail: [email protected]

Може да ви се допадне

До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Општина Градско распиша јавен повик за пријавување на штети од мраз во земјоделството
Јавен повик за прибирање понуди за градежни работи за логистичко-дистрибутивниот центар во Гази Баба, Скопје
Таг:бр. 1/2021здравствена заштита на жиотни
Претходен напис Бензините поскапуваат за еден денар, цената на дизелот останува иста
Следен напис Поставена агрометеоролошка станица во Крушево
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?