Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Обезбедени нови 915 милиони денари за исплата на субвенции за земјоделците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Обезбедени нови 915 милиони денари за исплата на субвенции за земјоделците
Субвенции

Обезбедени нови 915 милиони денари за исплата на субвенции за земјоделците

Последна измена: 20/10/2019 22:10
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Владата на Република Северна Македонија, на вчерашната седница ja усвои Предлог – програмата за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година, со која со ребалансот на Буџетот на Република Северна Македонија се предвидени нови 915 милиони денари за исплата на финансиски средства на земјоделците. Со оваа сума ќе се изврши исплата на субвенции за повеќе земјоделски прозводи.

Конкретно, за исплата на субвенциите за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко за периодот од јануари до април 2018 година, со ребалансот се обезбедени 179 милиони денари. 50 милиони денари се обезбедени за производителите на оризова арпа кои своето производство го имаат предадено кај регистрирани откупувачи.

Со ребалансот се обезбедени 288 милиони денари за исплата на финансиска поддршка за сите земјоделци кои не се исплатени од претходните години за обработлива земјоделска површина (поледелци, градинари, лозари, овоштари), производители на семе и саден материјал, субвенции по грло добиток односно за земјоделците кои имаат говеда, овци, кози, свињи, пчелни семејства и живина.

За исплата на субвенциите за земјоделците  кои градинарските производи ги имаат предадено во преработувачки капацитети за периодот од 26 декември 2017 година до 25 декември 2018 година, се обезбедени 151 милиони денари, а 7 милиони денари за исплата на субвенциите за предадени домати во преработувачки капацитети.

Со ребалансот на буџетот ќе се исплатат 40 милиони денари за субвенции за откупената пченица од родот 2018 година од домашно производство која е откупена од регистрирани откупувачи. 160 милиони денари се обезбедени за исплата на субвенцијата за производителите на јаболка од реколта 2018 година. 

За исплата на субвенцијата за под-мерката за депопулација на свињите, со ребалансот се обезбедени 40 милиони денари, со што ќе бидат обештетени сите земјоделци кои своите свињи ги чуваат во услови кои не ги исполнуваат биосигурностите стандарди за чување и произодство на свинско месо.

Со овие последни измени буџетот за земјоделство за 2019 година ќе изнесува 7 милијарди денари.  

Може да ви се допадне

Субвенции од 100% за набавка на ГОРИВО за земјоделска механизација
Со новиот Закон за земјоделство и рурален развој – 70% СУБВЕНЦИИ од висината на ПРЕМИЈАТА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Субвенционирање на КАМАТНА СТАПКА, предвидува новиот закон за земјоделство и рурален развој
(ВИДЕО) Трипуновски: Со откупувачите на младиот компир се постигна договор во корист на земјоделците
Три недели откако пропадна патот во Галичник, нема абер дека некој ќе го поправи
Таг:буџетвладаземјоделцимзшвсубвенции
Претходен напис (ВИДЕО) Сашка Јованова: Животот во село не е лесен, но не би го менувала за во град
Следен напис Бабовски : На располагање се нови средства за поддршка на рибарството и аквакултурата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?