Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: НЗМ предупредува: Во последно време се засадуваат големи површини со тутун од страна на правни лица и одредени бизнис-групации
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > НЗМ предупредува: Во последно време се засадуваат големи површини со тутун од страна на правни лица и одредени бизнис-групации
Агровести

НЗМ предупредува: Во последно време се засадуваат големи површини со тутун од страна на правни лица и одредени бизнис-групации

Објавено 06/05/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

АПЕЛ ДО РЕСОРНОТО МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ И ВЛАДАТА НА Р. МАКЕДОНИЈА

Барање за итни мерки за заштита на традиционалното тутунопроизводство и редефинирање на субвенциите

Почитувани,

Како претставници на Националната земјоделска мрежа, ви се обраќаме со сериозна загриженост во врска со актуелните состојби во секторот тутунопроизводство. Во последно време сме сведоци на засадување на големи површини со тутун од страна на правни лица и одредени бизнис-групации кои немаат традиција во оваа стопанска гранка.

Загрижувачки е фактот што дел од бизнисмените, водени од безидејност или лакомост, својот капитал го насочуваат кон овој сектор, притоа занемарувајќи го фактот дека тутунопроизводството е социоекономска култура и единствен извор за егзистенција на голем број семејства во нашата земја.

Анализа на ризиците и опасностите по секторот

Ваквиот начин на производство предизвикува сериозни закани врз стабилноста на земјоделците:

Хиперпродукција: Неконтролираното зголемување на површините води кон прекумерно производство на тутун, што директно ќе резултира со пад на откупните цени.

Загрозување на егзистенцијата:

Се загрозува опстанокот на илјадници семејства за кои тутунот е примарен извор на егзистенција.

Нерамноправна распределба на средствата:

Одливот на субвенции кон големи бизнис-субјекти ја намалува поддршката наменета за примарните земјоделци.

Барања и предлози од Националната земјоделска мрежа

Апелираме до надлежните институции да преземат итни мерки со цел да се заштити оваа стратешка гранка:

1. Исклучување од субвенции:

Бараме секој вид на „фармерско“ или индустриско одгледување на тутун од страна на бизнис-групации без традиционално искуство да биде исклучено од системот на субвенционирано производство.

2. Задолжителни договори:

Субвенциите да се доделуваат исклучиво на земјоделски стопанства кои имаат склучено договори со овластени откупни претпријатија.

Сметаме дека со овие мерки ќе се одржи континуитетот во производството и ќе се овозможи субвенциите да отидат кај традиционалните и вистински тутунопроизводители.

Остануваме на располагање за заедничка средба и дискусија.

Со почит,

Национална земјоделска мрежа

Може да ви се допадне

Во мај пад на просечната каматна стапка кај кредити и кај депозитите
Пожар во близина на македонско – грчката граница кај Дојран
Пет активни пожари на отворен простор низ државата, најмногу зафатена сува вегетација и ѓубре
Гори дива депонија во Шуто Оризари, пожарникарите интервенираат на терен
Дигитална платформа на ИНОФЕИТ ЕДИХ им помага на компаниите да ги следат свежото овошје и зеленчук од парцела до купувач
Таг:заштитамеркисубвенциитутун
Претходен напис Заменик-министерот за земјоделство, Албрим Хоџа садеше тутун!
Следен напис Променливо облачно време со повремен локален дожд и ветер од јужен правец 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?