Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нуредини: Водно конечно стана заштитен предел и доби интегрирана заштита
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Нуредини: Водно конечно стана заштитен предел и доби интегрирана заштита
Шумарство и водостопанство

Нуредини: Водно конечно стана заштитен предел и доби интегрирана заштита

Објавено 18/08/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На вчерашната седница на Владата на Република Северна Македонија, планината Водно на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање конечно го доби статусот на заштитено подрачје согласно законодавството за заштита на природата, со што стана заштитен предел.

„Планината Водно долго време чекаше на добивање на статус на заштитено подрачје согласно постојното законодавство за заштита на животната средина, кое е единствената алатка за овозможување на ваква правна интегрирана заштита во Република Северна Македонија. Работевме напорно за исполнување на нашата обврска за ревалоризација и прогласување на заштитените подрачја како Министерство и се потрудивме да ја обезбедиме максималната заштита согласно законот. Сега следи процесот на подготовка на потребните акти и планот за управување со конкретни мерки, за кои исто така ќе има процес на јавна консултација и ги поканувам експертите и целата јавност да учествуваат во операционализацијата на оваа заштита на вистинскиот начин“ – изјави Нуредини по повод донесената одлука.

Со прогласувањето на дел од Водно за заштитено подрачје согласно националната регулатива, ќе се овозможи: заштита, зачувување и одржливо користење на природните вредности, се назначи Градот Скопје како субјект за управување кој ќе се грижи за подрачјето, и ќе се донесе План за управување кој во себе ќе ги вгради сите потребни мерки и активности за заштита на природата, а особено мерки за управување со просторот и утврдување на систем на мерки и активности за заштита од пожари и други природни катастрофи, меѓу кои и мерките за заштита од ерозија.

Препознавајќи го исклучителното значење на планината Водно и нејзините повеќекратни функции за околните населени места и Градот Скопје, по екстензивните јавни консултации и усогласувања на предлогот, беше извршено дополнување на Одлуката со што се предвидува подготовка и на Просторен план на подрачјето, се обезбедува на исполнување на обврската на локалната самоуправа за утврдување на границите на ерозивни подрачја, како и се забранува изградба на нови објекти, доградба и надградба на постојните и проширување на урбаните опфати на населените места на територијата на заштитениот предел – Водно.

„Важно е што Водно ја доби заштитата согласно постојното законодавство, а во меѓувреме доколку се изработи нова идеја за подобра заштита и регулатива, таа секогаш може да биде дополнително предложена и изгласана од Собранието“- укажа Нуредини.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
„СТРЕЖЕВО“ почна со полнење на цевководите за наводнување
Нов проект поддржан од Зелениот климатски фонд започнува во Македонија!
Таг:ВодноНасер Нуредини
Претходен напис Почнува изградбата на првата јужнокорејска инвестиција во ТИРЗ – Скопје 2
Следен напис Влада: До 31 декември 2023 треба да завршат работите на автопатот Кичево – Охрид
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?