Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нуредини: Можности за одржливо и зелено закрепнување од ковид кризата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нуредини: Можности за одржливо и зелено закрепнување од ковид кризата
Агровести

Нуредини: Можности за одржливо и зелено закрепнување од ковид кризата

Објавено 24/06/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, како еден од говорниците на Економскиот форум што се одржа вчера во Скопје, зборуваше за можностите за одржливо и зелено закрепнување на државата од ковид-кризата.

Според Нуредини ковид-кризата беше стрес-тест за сите институции, и никој од нас не беше подготвен. Но, од друга страна отвори можност и предизвик опоравувањето на економијата да го направиме на „зелен”, одржлив начин.

При тоа Нуредини ги посочи Ревидираните национали придонеси кон Договорот од Париз во кои веќе е проектиран сет од 63 мерки кои иако се однесуваат на постигнување на националната цел за намалување на емисиите на стакленичките гасови за 51%, исто така се применливи и како мерки за опоравување од КОВИД кризата и за обезбедување на одржлив развој на државата.

„Мора да се разбере дека со овие мерки се отвараат можности за нови работни места, за зелени работни места, се поттикнува приватниот сектор кој веќе ја препознава поврзаноста на економскиот развој со промена во пристапот и изборот на нови технологии, користење на обновливи извори на енергија, и се влијае и на промена на однесувањето на потрошувачите. Во крајна линија мерките се проектирани да ги развиваат локланите бизниси, се трудово интензивни, го намалуваат чинењето на производниот процес, отвораат нови работни места и поттикнуваат користење на локално произведени материјали што само по себе значи одржлив развој”, рече Министерот.

Определба за имплементација на Зелената агенда, Нуредини ја окарактеризира како определба да се оди по патот кој води кон Европскиот Зелен Договор. Нашата држава веќе има имплементирано дел од целите на Зелената агенда, се отворија поголеми можности за развој на регионалната соработка и се зголеми пристапот до нови инвестициски фондови.

Нуредини се осврна и на отпадот како едно од клучните актуелни прашања во животната средина, споменувајќи дека сега конечно имаме системски пристап во решавањето на ова прашање. Креирани се новите политики и регулатива за областа, се обезбедуваат средставата за реализација на регионалниот систем за управување со отпадот и обезбедени се условите за развој на циркуларна економија, рециклирањето, реупотребата на материјали како секундарна суровина и отварање на нови зелени работни места во оваа област.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:зелена агенданурединиодржлив развој
Претходен напис Кога температурите надминуваат 36 степени, свињите треба да се прскаат со вода
Следен напис Формирани две комисии за процена на штетите од невремето во Прилепско, веќе има над 100 барања
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?