На почетокот на октомври, на саемот за овошје и зеленчук во Мадрид, Марко Ривоира, извршен директор на „Rivoira Giovanni & Figli“, официјално го претстави бразилскиот проект на јаболка. Беа претставени и дегустирани три сорти, Луиза, Венеција и Исадора, наречени Три сестри.
Сортите се со впечатлива црвена боја и се прилагодени на топли поднебја, а трите сорти се берат во различно време. Луиза се бере најрано и е слична на сортата Гала, Венеција се бере на крајот на септември, и Исадора на крајот на октомври. Најважно е дека овие три нови сорти имаат уникатни карактеристики. Се берат кога целосно ќе ги развијат аромата и вкусот.

„Се работи за нови сорти јаболка кои се во експериментална, односно пробна фаза во Западна Европа. Позитивните резултати на меѓународниот пазар ќе влијаат на популарноста на овие сорти. Доколку се покажат како атрактивни сорти, очекуваме брзо пристигнување на пазарите не само на готови производи, туку и садници од јаболка во нашиот регион“, велат ескпертите.
„Трите сестри“ ќе им бидат претставени на потрошувачите под еден бренд и ќе бидат достапни во текот на целата година, како резултат на правилното складирање и рокот на траење. Герхард Дичганс, беше претставен како „Роналдо од јаболка“ и ќе биде глобален менаџер на овој проект. Тој верува дека новите сорти ќе донесат револуција во секторот за јаболка.
