Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нови 300 мегавати за производство на струја за година ипол и тоа од обновливи извори, капацитет поголем од еден блок на РЕК Битола
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Нови 300 мегавати за производство на струја за година ипол и тоа од обновливи извори, капацитет поголем од еден блок на РЕК Битола
Магазин

Нови 300 мегавати за производство на струја за година ипол и тоа од обновливи извори, капацитет поголем од еден блок на РЕК Битола

Објавено 10/08/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вистински бум на изградба на електроцентрали кои користат обновливи извори на енергија и особено во искористување на сонцето за добивање струја, се случува во земјава од минатата година. Ако во 2021 година со работа започнаа 49 нови електроцентрали кои користат обновливи извори на енергија (една хидроелектроцентрала и 48 фотонапонски електроцентрали), ланската година се заврши со нови 267 централи со инсталирана моќност од 152,2 мегавати. Најголем дел од нив беа  фотонапонски електроцентрали (99,2 MW) и ветерни електроцентрали (36 MW). Овие централи придонесоа капацитет за производство на електрична енергија на земјата да се зголеми за 18%.

Според најновите информации од Регулторната комисија за енергетка (РКЕ),  од почетокот на годината до крајот на јули, со нови лиценца се имаат стекнато 338 централи со инсталирана капацитет од 164,2 мегавати.

Ова значи дека за година ипол земјава го зголеми капацитетот за производство на струја за нови 300 мегавати. За споредба, капацитетот на РЕК Битола кој ни е најголем извор за производство на струја е 700 мегавати.

Зголемениот капацитет на производство на струја секако влијаеше и на евидентно намалување на увозот на струја и ланската, а и годинава. Ако се знае дека во 2020 година беа увезени 3,352 GWh електрична енергија, во 2021 – 2,940  GWh, ланската година увозот изнесуваше 2,209 GWh. Во првите месеци од годинава, увозот е намален за 11%.

Новите капацитети покажуваат дека сериозно се работи на намалување на енергетската зависност на земјата. Но и на декарбонизација и супституирање на производството на струја од јаглен од термоцентралите РЕК Битола и Осломеј.

Ваквите податоци кажуваат дека Македонија сериозно работи на зелената транзиција и веќе го има реализирано Зеленото сценарио  што, според  Енергетска стратегија, беше планирано да се реализира до 2040 година и од земја во која домашно производство на струја доминантно се базираше на јаглен, сега  станува земја со големо производство од обновливи извори.

Извор: 24info.mk

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:мегаватиобновливи извориРЕК Битоластруја
Претходен напис Како правилно да се складираат житарките и да се зачува нивниот квалитет?
Следен напис Зелена агенда на Западен Балкан: Северна Македонија уште ќе чека на Законот за климатска акција
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?