Со измените на Законот за труд во второ читање во Хрватска веќе нема да има вознемирување и повици од шефот секогаш кога ќе му падне на памет. Нема да смее да праќа ни мејлови или СМС-пораки за време на одморот, во неработни денови и после работното време.
Иако работата во недела ќе се плаќа значително повеќе, работникот има право да ја одбие, без последици.
„Итна потреба може да биде ако сте водоинсталатер и пукнале некои цевки или ако треба нешто итно да се одработи за да дојдете на работа, тогаш секако дека работникот има право на платена прекувремена работа. И вие новинарите исто мора да интервенирате ако нешто се случува затоа што е со цел да се информира јавноста, па тоа ќе се разгледува од случај до случај“, вели хрватскиот помошник-министер за труд, пензиски систем и семејство Дражен Опалиќ.
На пример, тешко е да се предвиди нивото на водата на Сава, така што повиците надвор од работното време во оваа геодетска компанија се разбирливи.
„Ги барам по потреба во исклучителни случаи, а тоа често се случува. Им се јавувам, тие одговараат ако можат, ако не се јавуваат подоцна, а исто и јас им стојам на располагање и надвор од работното време“, изјави Ведран Цар, директорот на геодетската компанија.
Ако работодавачот му се јави на вработениот надвор од работното време – нема да биде казнет, а ако работникот не му одговори, не смее да биде казнет поради тоа.
„Ако работникот поради тоа добие отказ, ќе добие на суд бидејќи ќе се работи за незаконит отказ“, објаснува Опалиќ, пишува danas.hr.
