Дали некогаш сте виделе бели јагоди, нивното име е Пајнбери. Toa всушност е овошје што има слатка арома и благ вкус.
Ова овошје потсетува на јагода, само што е со бела кожа и црвени семки. Семејството Fragaria вклучува многу сорти на јагоди, вклучувајќи ја и вообичаената црвена јагода. Белите јагоди се резултат на работата на холандските одгледувачи и се многу попопуларни во Европа и САД.

Пајнебри има слаткаста арома и нежен вкус кој потсетува на ананас, но без карактеристичната киселост. Ананасот на ниту еден начин не се поврзува со овој вид на јагоди. Тоа е само слуачјност, иако неговото име во буквален превод значи „ ананас бобинка“.
Ова е нискокалорично овошје , кое во 100 грама има само 43 калории. Содржи калиум, калциум, витамин Ц и други корисни елементи во себе. Како и сите овошја содржи природни шеќери, и ако сакате да го намалите внесот на јагленихидрати, најдобро е да не го одбирате овој вид овошје.

Одгледувањето на пејнбери – „ананас- јагода“ не е тешко. Ова е прекрасно растение, кое лесно се размножува и е погодно за одгледување во саксии.
Садниците не се скапи, една садница кошта од 5-7 евра а преднста на овој вид е што брзо се шири. Раѓаат од мај до август а бербата е на секои 10 дена.

За одгледување на белите јагоди не се потребни посебни третмани, ниту дополнително прскање. Плодовите се нешто поситни од црвените и потсетуваат на шумски јагоди.
