Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нов јавен повик на ФИТР – 5 милиони евра за поддршка на технолошкиот развој
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Нов јавен повик на ФИТР – 5 милиони евра за поддршка на технолошкиот развој
Јавни огласи и повици

Нов јавен повик на ФИТР – 5 милиони евра за поддршка на технолошкиот развој

Објавено 26/01/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Нов јавен повик на Фондот за иновации и технолошки развој наменет за микро, мали и средни претпријатија, со кој пет милиони евра се достапни за поддршка на технолошкиот развој на  домашните компании и приватните здравствени установи, преку јавниот повик за “Ко-финансирани грантови за технолошки развој и забрзан економски раст”.

Со овој повик, ФИТР им излегува во пресрет на домашните компании да создадат услови за надминување на последиците од економската криза, да остварат забрзан раст, да ја зголемат конкурентноста на меѓународните пазари и отпорноста на пандемиски и климатски кризи, преку воведување на нови, иновативни, напредни, „зелени” и дигитални технологии за нивна трансформација.

Фондот обезбедува финансиска поддршка за микро претпријатија до 70 проценти од вкупниот буџет на проектот, но не повеќе од 2,5 милиони денари, за мали претпријатија до 70 проценти, но не повеќе од 5 милиони денари, а за средните претпријатија до 60 проценти, но не повеќе од 10 милиони денари. Апликантот обезбедува сопствено кофинансирање од 30% за микро и мали претпријатија, односно до 40% за средни претпријатија од вкупниот буџет на проектот.

Дел од активностите кои се подобни за поддршка преку овој инструмент се: набавка и воведување на нови, иновативни, напредни, зелени и дигитални технологии за трансформација на производствените и деловни процеси, развој и воведување на нови поеколошки процеси и стандарди за производство и работа, подобрување на продуктивноста и ефикасноста на производствените и/или деловни процеси. Како подобни трошоци ќе се сметаат бруто платите за вработените лица, трошоци за техничка поддршка, истражување, развој, дигитализација, набавка и изнајмување на опрема, софтвер, ИКТ алатки или суровини, но и за трошоци поврзани со спроведување на планот за технолошки развој на компанијата.

За повеќе информации и комплетна подготовка на апликации разговарајте со консултантите на Агротим на телефонските броеви
📞 071 285 385
📞 070 267 789
или испратете e-mail на [email protected]

Подобни апликанти се сметаат тие што ги исполнуваат критериумите дефинирани во Правилникот на инструментот, односно: трговско друштво или приватна здравствена установа, апликантот да не е поврзан со друго претпријатие или ПЗУ чии годишни приходи надминуваат 10 милиони евра и просечен број на вработени да не надминува 250 од претходните фискални години, да нема доспеани, а неподмирени обврски со доцнење над 90 дена кон финансиските институции, и да ги исполнува условите од Законот за контрола на државна помош и за истиот проект да нема добиено финансиска помош од друга државна институција.

При евалуација на проектите, најголем број на поени носи критериумот влијание врз економскиот развој (45 поени), потоа технолошкиот напредок и степен на дигитализација (35 поени) и квалитетот на проектот и капацитетот на проектниот тим ќе бидат оценувани со по 10 поени од вкупната оценка. Предност при оценувањето на проектите ќе имаат компании кои имаат жени управители и/или сопственички, проекти од помалку развиени региони и компании кои во проектниот тим имаат вклучено најмалку еден доцент, универзитетски вонреден или редовен професор и/или докторант кој ќе биде вклучен во проектот. Целта е да се поттикне женското претприемништво како и  рамномерен регионален развој.

Јавниот повик за „Ко-финансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст” е отворен до 29.02.2024 година, до 14:00 часот, а компаниите можат да аплицираат исклучиво по електронски пат.

За повеќе информации и комплетна подготовка на апликации разговарајте со консултантите на Агротим на телефонските броеви
📞 071 285 385
📞 070 267 789
или испратете e-mail на [email protected]

Може да ви се допадне

До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Општина Градско распиша јавен повик за пријавување на штети од мраз во земјоделството
Јавен повик за прибирање понуди за градежни работи за логистичко-дистрибутивниот центар во Гази Баба, Скопје
Таг:5 милиони еврајавен повиктехнолошкиот развојФИТР
Претходен напис За викендот променливо облачно, со повремен дожд и ветер
Следен напис Лескаровска: ИПАРД компонентите и ЕУ фондовите имаат важна улога за развој на нашите рурални средини
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?