Нивото на Охридското Езеро денес е на кота од 693,29 метри надморска височина, што е за 20 сантиметри пониско од просекот за март, покажуваат мерењата направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во поглед на изминатите денови во седмицата која помина нивото на Охридското Езеро благодарение на врнежите од дожд порасна за четири сантиметри.

