Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Зголемени се површините под житни култури, благодарение на поддршката што лани им ја дадовме на земјоделците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Зголемени се површините под житни култури, благодарение на поддршката што лани им ја дадовме на земјоделците
Агровести

Николовски: Зголемени се површините под житни култури, благодарение на поддршката што лани им ја дадовме на земјоделците

Објавено 19/04/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Зголемени се површините под житни култури и тоа благодарение на поддршката, што лани им ја дадовме на земјоделците, посочи денеска од Штип, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Со новиот модел на субвенционирање на сончогледот направен е напредок, нагласи Николовски и наведе дека за само неколку месеци има дуплирано производство на сончоглед, како и зголемени површини и приноси.

– Вклучително и зголемени површини што се под пченица од неколку илјади хектари, а кај јачменот има драстично зголемен извоз. Јас кога зборувам пред граѓаните и пред земјоделците зборувам во очи, со факти и со аргументи, рече Николовски.

Забележа дека нема грижа во делот на обезбеденоста со житните култури и со храна благодарение на мерките кои се преземени од страна на Владата.

-За четирипати е намален увозот на сончоглед  во оваа година и со тоа треба да се гордееме, значи за четири пати е намален увозот. Токму затоа немаме криза во делот на производството на маслото за јадење, подвлече Николовски.

Иако се зголемени површините под житните култури, еден дел од нив се увезува поради тоа што пченицата го нема тој квалитет, но, како што вели Николовски, радува тоа што расте домашното производство, земјоделците се задоволни од високите откупни цени и тоа говори за помалата увозна зависност на нашата држава.

Според министерот Николовски, ако лани имало 70.000 хектари, годинава се очекува да бидат над 78.000 хектари под житни култури, но конкретните бројки ќе се знаат на почетокот на жетвата.

Прашан за барањето на оризопроизводителите да се формира производната цена пред сеидбата, Николовски истакна дека минатата недела имал средба со нив, воедно зголемени се и за 300 посто субвенциите за оваа култура од 2018 година, а за оваа година ќе се направи производната цена за оризот. Во моментов оризовата арпа се откупува од 36 до 40 денари за килограм. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:житоНиколовскисончогледхрана
Претходен напис Николовски: Во јуни следи објаснувачкиот и билатерален скрининг и усогласување на нашето законодавство во земјоделството со ЕУ
Следен напис На 2 мај почнува најголемата информативна кампања за новиот ИПАРД 3, со кој на располагање на земјоделците ќе бидат ставени 120 милиони евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?