Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Во јуни следи објаснувачкиот и билатерален скрининг и усогласување на нашето законодавство во земјоделството со ЕУ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Во јуни следи објаснувачкиот и билатерален скрининг и усогласување на нашето законодавство во земјоделството со ЕУ
Агровести

Николовски: Во јуни следи објаснувачкиот и билатерален скрининг и усогласување на нашето законодавство во земјоделството со ЕУ

Последна измена: 19/04/2023 12:11
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

 „Агро советот“ највиското научно и политичко тело во делот за носење на одлуките за земјоделството е закажан за 10 мај, најави денеска од Штип, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Тема ќе биде европската агенда во овој сектор, а како што вели Николовски, 45 проценти од буџетот на ЕУ оди за земјоделство.

– Најголем дел од усогласувањето на правото со Европската Унија паѓа на кластерот 5 што го водиме како министерство, а во јуни ни следи објаснувачкиот и билатерален скрининг. Верувам дека науката ќе ги даде своите препораки и во делот на зголемување на производството во државата, но и во делот на нашето усогласување со Европското Унија, вели Николовски.

Посочи дека забележани се рекордни откупни цени на земјоделските производи, како што е оризот, пченицата и јачменот, сето тоа благодарение на мерките кои лани се воведени за земјоделците.

Една од темите на меѓународниот научен симпозиум на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип е и образованието на младите во овој сектор. Николовски истакна дека од 2022 до 2024 година таргет за мерки се токму младите и жените кои работат земјоделство и сточарство.

-Денеска се потпишуваат договорите со 25 нови практикатни, кои доаѓаат од факултетите и изучуваат земјоделски, ветеринарни и шумарски насоки. Имаше голем интерес и со тоа вкупната бројка на практиканти ќе биде 50 во министерството, кои се четврта година или штотуку завршени студенти, кои добиваат 70 проценти од минималната плата, изјави министерот Николовски.

Забележа дека како министерство работат на регрутирање на младите за овие факултети, со цел да се задржат младите во земјава. Воедно продолжува и стипендирањето на студентите на овие насоки, со највисоката сума, а тоа е месечно од 18.000 денари за девет месеци.

Министерот Николовски најави и Програма за учениците во средните стручни училишта по земјоделство, со цел да се зголеми бројката на ученици на овие насоки, што се поврзани со производството на храна.

– Од Штип најавувам дека од мај започнуваме и со двомесечна кампања. Значи на 2 мај почнува најголемата информативна кампања за новиот ИПАРД 3. Ние сме единствена земја којашто ќе го почне прва ИПАРД 3, новиот петгодишен период, односно први ќе ставиме на располагање 120 милиони евра на земјоделците, пред Србија, Црна Гора, пред Босна, пред Косово и целиот регион, вели Николовски.

Тој посочи дека како земја единствени сме спремни да започнеме со користење на овие средства од ИПАРД 3 програмата и затоа наредните два месеци ќе бидат на терен за да објаснат за најголемиот повик за модернизација во земјоделството и како да се искористат овие европски средства. 

Може да ви се допадне

Запленети мрежи со риба и риболовен алат на Охридското Езеро
Цените на нафтата паднаа по објавата за прекин на огнот меѓу Израел и Иран
Првите четири банки од земјава впишани во регистарот на Европскиот совет за плаќања
Царинска управа: Запленети цигари, дрон, фалсификувана стока и друго
Влада: Исплатени субвенции на над 70.000 земјоделци во вредност од над девет милијарди денари
Таг:ЕУзаконодствоНиколовскискрининг
Претходен напис Исчистени и затворени дивите депонии во три села во општина Чешиново-Облешево
Следен напис Николовски: Зголемени се површините под житни култури, благодарение на поддршката што лани им ја дадовме на земјоделците
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?