Писмено и телефонски го информирав претседателот Стево Пендаровски дека во Собранието конечно помина Законот за земјоделство и рурален развој. Со неговото усвојување директно се помага на повеќе од 20.000 семејства кои живеат од производство на тутун.
Благодарност до претседателот Стево Пендаровски кој истакна дека одблиску ја следел целата дебата и случувања поврзани со законското решение, како и дека потпишувањето на овој Закон од негова страна ќе биде со врвен приоритет.
Искрено се надевам дека овој, но и идните сетови на закони предложени од страна на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, а кои земјоделците долго ги очекуваат со цел да ги остварат своите права, ќе станат пример на конструктивност и политичка култура, наместо симбол на кочење, блокади и политички пресметки за освојување на власта што оди на директна штета на македонскиот земјоделец, а со тоа и на сите граѓани.
Фејсбук-статус на Љупчо Николовски
