Министерот Николовски денеска во Штип лично додели дел од договорите за доделување на нови 503 хектари земја.
„Попладнево сум во Штип. Во овој регион се потпишаа 503 договори за доделување на нови 503 хектари земја од последните два јавни повици. Дел од договорите денеска и лично им ги доделив на земјоделците.
Политиката за ставање во функција на целокупното земјиште продолжува и во следниот перидод преку транспарентно и отчетно објавување на огласи за давање во закуп на државно земјоделско земјиште.
Во изминатите 4 години покажаме што значи правична распределба на земјата. Секој што исполнува услови, секој што е прав земјоделц и живее од земјоделството добил земја, нема поделби на ваши и наши, нема уцени, нема партиски списоци. Продолжуваме и понатаму во таа насока.“, напиша министерот Николовски на својот фејсбук-профил.

