Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Со правична распределба кај вистинските земјоделци го ставаме во функција целокупното земјоделско земјиште
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Николовски: Со правична распределба кај вистинските земјоделци го ставаме во функција целокупното земјоделско земјиште
Агровест

Николовски: Со правична распределба кај вистинските земјоделци го ставаме во функција целокупното земјоделско земјиште

Објавено 02/02/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска, во Прилеп, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, заедно со заменик министерот Трајан Димковски, ги доделија првите договори за закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари за последните два јавни повици.

„Министерството ќе биде отворено за сите земјоделци, како што го отворивме во 2017 година, но и ние сѐ повеќе, секој ден ќе бидеме на терен. Карванот на Министерството заедно со сите сектори е тука денеска, во посета на Прилеп, за да ги доделиме првите договори за земјоделско земјиште. Потпишани се 900 договори, тоа е огромна бројка на склучени договори со кои ќе се стави во функција земјоделско земјиште од неколку илјади хектари низ целата држава, во различни региони. Околу 500 хектари се овде во Прилеп, за кои се склучени 232 договори. Првите договори имавме чест да ги доделиме денеска, овде во Прилеп, бидејќи овде се склучени најмногу договори. Продолжуваме со праксата земјоделското земјиште да биде ставено комплетно во функција, да биде во рацете на вистинските земјоделци и да се зголеми производството. Продолжуваме да се грижиме за земјоделците, како преку креирање на мерки и политики, така и преку она што сме го ветиле уште во 2016- та година, а тоа е да дојде земјата во вистинските раце, кај вистинските земјоделци“ изјави Николовски.

При тоа, министерот посочи дека се подготвуват нови огласи и повици, се прават сите анализи за да се отворат нови можности земјоделското земјиште да биде ставено во функција на развојот и да биде помош и поддршка за земјоделските стопанства и за земјоделците од сите региони.

Николовски потенцираше дека праксата на директни средби и контакти со земјоделците продолжува и понатаму, за да се слушнат проблемите, предлозите, идеите и размислувањата на земјоделците бидејќи тие најдобро знаат со што се соочуваат и посочи дека целта е заеднички да наоѓаме решенија, и тие да се вградат во годишните програми и во политиките што ќе ги креира Министерството.

Николовски потенцираше дека праксата на директни средби и контакти со земјоделците продолжува и понатаму, за да се слушнат проблемите, предлозите, идеите и размислувањата на земјоделците бидејќи тие најдобро знаат со што се соочуваат и посочи дека целта е заеднички да наоѓаме решенија, и тие да се вградат во годишните програми и во политиките што ќе ги креира Министерството.

May be an image of 4 people, people standing and outdoors
May be an image of 5 people, people standing and outdoors
May be an image of 5 people and outdoors

Може да ви се допадне

Поради ремонт на пругата Скопје-Зелениково за „Градскиот воз“, од утре времено без возови од Скопје за Велес, Гевгелија и Битола
МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Претходен напис Николовски: Во Прилепскиот регион склучени најмногу договори, вкупно 232 за површина од над 500 хектари
Следен напис Мора да ја пробате: Вкусна чорба од печурки
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?