Денеска од Прилеп, на мое големо задоволство започнавме со доделување на договорите за закуп на земјоделско земјиште, од последните два јавни повици.
Во Прилепскиот регион се склучени најмногу договори, вкупно 232 договори за површина од над 500 хектари.
Неселективна распределба на државното земјоделско земјиште кај вистинските земјоделци значи зголемени обработливи површини, и зголемено производство на квалитетни конкурентни и безбедни земјоделски производи.
Продолжуваме на терен, даваме силна поддршка за земјоделство, градиме силна економија која отвора шанса и можност за секој еден.
Фејсбук-статус на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.



