Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Со новиот ИПАРД 3, 250 милиони евра ќе дојдат во земјоделството, ги повикувам сите оние кои се занимаваат со земјоделство, да ги искористат максимално субвенциите што ги овозможува државата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Николовски: Со новиот ИПАРД 3, 250 милиони евра ќе дојдат во земјоделството, ги повикувам сите оние кои се занимаваат со земјоделство, да ги искористат максимално субвенциите што ги овозможува државата
Субвенции

Николовски: Со новиот ИПАРД 3, 250 милиони евра ќе дојдат во земјоделството, ги повикувам сите оние кои се занимаваат со земјоделство, да ги искористат максимално субвенциите што ги овозможува државата

Објавено 23/03/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот Љупчо Николовски на денешното гостување во Утрински брифинг меѓу другото зборуваше и за важноста на субвенциите.

„Земјоделството е значаен сектор во ЕУ и мора секоја педа земја да се искористи, а ако нема субвенции земјоделството ќе пропадне. Не е случајно што ЕУ дури 40% од Буџетот одвојува за агрокомплексот и руралниот развој. Во вакви времиња на светска криза ја гледаме важноста на земјоделското производство и субвенциите што ги овозможува државатa. Тие се клучни за земјоделците и за зголемување на домашното земјоделско производство, на производството на храна.“, рече Николовски.

„Преку ИПАРД Програмата до крајот на оваа година ќе ставиме на располагање дополнителни 35 милиони евра кои се за развојни проекти, за модернизација, за зголемување на производството, за опрема, за дигитализација во земјоделството.
Со новиот ИПАРД3 250 милиони евра ќе дојдат во земјоделството. Ги повикувам сите оние кои се занимаваат со земјоделство, да ги искористат максимално субвенциите кои ги овозможува државата.“, нагласи министерот.

„Новиот модел на субвенционирање е авансен со 30 отсто исплата однапред. И земјоделското земјиште да се стави во функција и да се вршат строги контроли, а истовремено да се работи на рурален развој, се клучни стратегии на Владата со помош на ИПАРД 3 фондовите кои се за модернизација, опремување и дигитализација во земјоделството. Филозофијата на европските субвенции е да се зголемат земјоделските површини“, рече Николовски.

Како што рече министерот, клучен фактор е и укрупнувањето на земјоделските површини и таа консолидација сега се одвива на 14 подрачја во државата и дека на тој начин се зголемуваат и приходите на земјоделците. Николовски рече дека 12 илјади хектари се слободни и достапни за младите и жените со помош на мерките за рурален развој да се вклучат во земјоделството. Оваа земја има природни ресурси кои треба да се стават во функција.

„Министерството подготвува детална програма и преглед на секое слободно земјоделско земјиште коешто ќе биде ставено во функција, Околу 12.000 ха ќе бидат на располагање, правима план како и во кои региони кој култури ќе добијат предност и фокус. Ги повикувам граѓаните и младите да се ангажираат и да влезат во земјоделскиот сектор заради тоа што има серија на мерки преку коишто државата дава поддршка. За секоја рурална жена државата дава грант од 6000 евра, за секој млад земјоделец со новите измени 40% авансна исплата со самото склучување на договорите. Имаме разни мерки во програмата за рурален развој коишто ги нема во регионот. Меѓутоа, и кај ИПАРД 3 сме лидери во регионот и во искористеноста на ИПАРД 2 200 договори се веќе склучени.

Николовски: Отворен Балкан ни нуди извонредна можност во време на светска криза и затворени сите светски пазари, ние да имаме отворен пазар

Може да ви се допадне

ИПАРД 3 програмата на располагање на бизнис заедницата
Еве кои земјоделци до 15 мај треба да поднесат барања за субвенции за 2026!
Исплатени 1 060 218 денари за оризова арпа од интервентен фонд
АФПЗРР: Исплатени 3 313 888 денари за складирање на пченица
МЗШВ: Исплатени се близу 94 милиони денари кон околу 2.430 земјоделци
Таг:ипард 3никиловски
Претходен напис Во јануари просечната месечна нето-плата 29.980 денари
Следен напис Европската комисија ќе го поддржи земјоделството и руралниот развој во претпристапните земји со над 900 милиони евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?