Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Отворен Балкан ни нуди извонредна можност во време на светска криза и затворени сите светски пазари, ние да имаме отворен пазар
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Отворен Балкан ни нуди извонредна можност во време на светска криза и затворени сите светски пазари, ние да имаме отворен пазар
Агровести

Николовски: Отворен Балкан ни нуди извонредна можност во време на светска криза и затворени сите светски пазари, ние да имаме отворен пазар

Објавено 23/03/2022
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, по враќањето од Белград, каде што во текот на вчерашниот ден имаше работна средба со српскиот вицепремиер и министер за земјоделство, Бранислав Недимовиќ на која е договорено во следните 7 – 10 дена да се тргне забраната за извоз од Србија во Македонија и да почне испораката на договорените количини пченица, пченка, брашно и масло за јадење, утрово гостуваше во Утрински брифинг.

„Отворен Балкан ни помага да постигнеме договор со Србија да се тргне нивната забрана за извоз на пченица, што ни овозможува да увезуваме оттаму. Граѓаните треба да имаат доверба во институциите, Отворен Балкан ни нуди извонредна можност во време на светска криза, и затворени сите светски пазари, ние да имаме отворен пазар“, рече министерот Николовски и додаде дека на средбата се разговарало и за обезбедување ѓубриво за земјоделството.

„Нашиот целосен фокус е да обезбедиме храна за нашите граѓани и за тоа се вклучени сите алатки. Се договараат и други извори и пазари. Околу 50.000 тони пченица се потребни до жетва. Тоа вчера што го договоривме со Србија е тргање на забраната, тргање на бариерата кон РСМ и исполнување на сите овие договори помеѓу трговските партнери за пченица, за пченка, за масло за јадење, за брашно, што е особено важно. Важно е да се знае дека има и пченица и масло, а домашното производство на пченица е зголемено со помош на владините субвенции“, рече Николовски.

Министерот додаде дека фокусот е целосно на зголемување на производството на стратешките култури, за што веќе до Министерството за финансии е доставен план што е тоа што треба да се направи на среден и на долг рок. Со планот се предвидени мерки кои ќе придонесат за зголемени приноси од 30.000 тони пченица на среден рок и на долг рок Северна Македонија да не е повеќе увозно зависна од пченица.

„Ние сме имале и 200.000 хектари со пченица, но сите процеси, транзиција, режим, затварање на агрокомбинати, незаинтересираност на младите и многу други фактори влијаеле на намалување на површините кои сега се зголемуваат. Но, сега со сите политики и мерки што ги преземаме имаме зголемувања на производството. Имаме огромен пораст и на преработките на зеленчук и овошје, од 60 милиони евра извоз, сега истиот е зголемен на 74 милиони евра. Или кај тутунот што е стратешка домашна култура, девизниот прилив сега е 120 милиони евра“, изјави министерот Николовски, додавајќи дека фокусот е целосно на зголемување на производството на стратешките килтури, за што веќе до министерството за финансии е доставен план што е тоа што треба да се направи на среден и на долг рок. Со планот е се предвидени мерки кои ќе придонесат за зголемени приноси од 30.000 тони пченица на среден рок и на долг рок Северна Македонија да не е повеќе увозно зависна од пченица.

Николовски рече дека тема на разговор во Белград бил и увозот на рафинирано и нерафинирано масло.

-Ние разговаравме со сите комори, со сите компании коишто се засегнати и точно е, и ова е дел од договореното вчера дека и увозот на рафинирани и нерафинирано масло за јадење ќе биде на листата на производи за коишто ќе биде тргната забраната и ќе биде овозможен увоз, паралелно сите мерки и политики и пакетот за поддршка на граѓаните за ослободување од ДДВ и замрзнување на цени, ќе придонесе да има смиреност, да нема грижа, ќе има доволно храна и има доволно стратешки продукти. Ние сме имале и 200 илјади хектари со маслодајни култури, но низа фактори во изминативе 30 години влијаеле да се намалат површините. Тоа важи и за другите култури. Тој тренд сега се менува, нашиот фокус сега се стратешките култури и имаме план за среден и долг рок. На долг рок да го намалиме увозот, а на среден рок да се зголемат земјоделските површини и приносот – рече министерот.

Николовски повторно апелираше до граѓаните да не се грижат бидејќи ќе има доволно пченица, пченка и масло за јадење.

„Фокусот е да обезбедиме храна и храна ќе има, и пченица, пченка и масло за јадење ќе има во доволни количини и заради тоа што се зголемува домашното производство. Од 2017-2021 имаме зголемено производство на пченица од 190.000 на 250.000 тони. Оваа година сеидбениот план е реализиран, ќе имаме нешто зголемени површини, проценката е дека ќе имаме околу 255.000 тони домашна пченица. Меѓутоа, неопходна е и пченицата што е со друг квалитет и која домашната мелничка индустрија ја меша со нашата, но со политиките и мерките коишто ги правиме се зголемува домашното производство.“

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:Николовски
Претходен напис Растат цените на млекото на светскиот пазар
Следен напис Во јануари просечната месечна нето-плата 29.980 денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?