Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Се откупуваат последните килограми тутун, просечна откупна цена 290 денари, историски највисока досега
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Се откупуваат последните килограми тутун, просечна откупна цена 290 денари, историски највисока досега
Агровести

Николовски: Се откупуваат последните килограми тутун, просечна откупна цена 290 денари, историски највисока досега

Објавено 29/12/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во текот на вчерашниот ден, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, во просториите на министерството одржа средба со тутунопроизводителите и откупувачите на тутун.

„Ова беше година на многу предизвици кои ние ги преточивме во успеси. Јас го преземав мандатот токму во екот на откупот на тутун од минатогодишната реколта. Ја започнав 2022 со откупот на тутун, а еве со тутун и ќе ја завршиме. И ова е најубавиот завршеток за ваква предизвикувачка година. Да ја завршиме со убави вести, а тоа е дека откупот на тутун оваа година пишува историја и по цена и по количина и по период на откуп. За прв пат, имаме тутун кој достигна рекордна цена од скоро 290 ден/кгр., што претставува зголемување за +44% во однос на реколтата од 2021 година кога цената беше 200,44 денари“ рече Николовски.

Оваа година, за прв пат имавме откуп кој протече без ниту еден проблем, се помина во најдобар ред како никогаш досега. И дополнително, целокупното производство од реколтата 2022 година, ќе биде откупено два месеци порано пред истекот на законскиот рок. Означи дека тутунопроизводителите ќе ги имаат парите на своите сметки токму за новогодишните празници.

Откупот на тутун од реколта 2022 година започна на 15 ноември од страна на 10-те откупни претпријатија и со состојба од 26.12.2022 година откупени се вкупно околу 20.401 тони тутун, што претставува околу 90% од вкупно договорената количина тутун.

Од типот Прилеп се откупени околу 19,980 тони, а од типот Јака 234 тони тутун, а според учеството по класи околу 16.139 тони се откупени во I класа, што претставува околу 79,8% од вкупно откупената количина, а во II класа околу 3.981 тони што претставува околу 19,7% од вкупно откупената колчичина што укажува дека овогодишната реколта е со висок квалитет.

Вкупната вредност на откупениот тутун изнесува околу 5.8 милијарди денари, а исплатено од страна на откупните претпријатија околу 5.5 милијарди денари односно околу 94%.

Договореното производство на тутун во 2022 година е зголемено за околу 8% во споредба со реколта 2021 година, поради зголемување на површините за околу 11% во споредба со 2021 година. Исто така, за околу 6%, зголемен е и бројот на склучени договори во споредба со реколта 2021 година.

Во производната 2022 година тутунот е засаден на површина од 13.237 ха што претставува зголемување на површините за околу 1.453 ха во споредба со производната 2021 година.

За ова производство склучени се вкупно 29.429 договори што претставува зголемување на бројот на договори за околу 1.780 договори во споредба со производната 2021 година.

„Ќе потенцирам дека ако на годинешната просечна откупна цена од скоро 290 ден/кг., додадеме и 80 денари за субвенции, доаѓаме до рекордно висока цена од 370 денари по килограм. Имаме година на тутунопроизводство која е најдобра во историјата на нашата држава. Искрено се надевам дека овој тренд ќе продолжи и во 2023“ потенцираше Николовски.

Во името на тутунопроизводителите се обрати Ѕвонко Ристески од мало Коњари, прилепско, кој рече дека за прв пат новогодишните и божиќните празници ќе можат среќни да ги дочекаат заедно со нивните семејства, неместо по протести и во страв од откупот.

„Зедно со 80 денари субвенции од државата за прва класа оваа година ние тутунарите добиваме 370 денари по килограм предаден тутун, нешто што не се случило до сега и е најубавата новогодишна честитка за нас. Благодарни сме до министерството што наврмено ги започна разговорите за овогодинешниот откуп со откупувачите, кој дадоа фер цена и ја почитуваа нашата мака и добриот квалитет на тутунот. Заедно покажавме дека можеме да имаме и поинаква откупна година“ рече Ристески.

Николовски на сите присутни им се заблагодари на соработката која вроди со вакви историски резултати и упати честитика за новогодишните празници потенцирајќи дека ова е најубавиот завршеток за ваква предизвикувачка година каква што беше 2022 година.

Може да ви се допадне

ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Африканската свинска чума се шири во Србија, еутаназирани над 27.000 свињи
Таг:тутун
Претходен напис Во Демир Капија се спроведува проект „Реконструкција на два пристапни патишта до земјоделско обработливо земјиште во општина Демир Капија“
Следен напис (ФОТО) Обележана патека за здрав живот до месноста Липите во Кавадарци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?