Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Само здружени имаме моќ да се спротивставиме на економската криза и да обезбедиме доволно храна за сите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > Николовски: Само здружени имаме моќ да се спротивставиме на економската криза и да обезбедиме доволно храна за сите
Саеми и манифестации

Николовски: Само здружени имаме моќ да се спротивставиме на економската криза и да обезбедиме доволно храна за сите

Објавено 21/09/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски е домаќин на македонскиот штанд на Меѓунариодниот саем за земјоделство, лов, риболов и екологија „Интерагро 2022“, кој од вчера три дена се одржува во Бјељина.

Да се одржи континуитет од 20 години во услови на многу предизвици и немирни времиња, е навистина голем успех, истакна во своето обраќање министерот Николовски упатувајќи честитки за ентузијазмот, професионалноста и посветеноста со која е градена оваа саемска манифестација.

Република Северна Македонија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство имаат чест да бидат земја партнер на овој Меѓународен саем „Интерагро 2022“, токму на неговото 20. јубилејно саемско претставување.

Карактеристиките на топлиот Балкан и сончевите денови на нашата земја, преточени во единствени вкусови и традиција, беа претставени на нашиот македонски штанд пред претседателката на Република Српска Жељка Цвијановиќ, дегустирајќи го убавото македонско вино и
традиционални производи.

Во текот на трите саемски дена, на површина од 130 метри квадратни ќе се претстават 13 македонски компании кои ќе бидат во друштво со над 300 излагачи од сите земји од регионов.

Глобалната криза за храна, климатските промени, економските турбуленции кои се случуваат на светско ниво, колку и да се непријатни сепак имаат барем еден мотивирачки аспект, а тоа е здружувањето и заемната поддршка кои водат кон заеднички успех. Ваквите меѓународни саеми на еден суптилен начин придонесуваат да се изградат нови пријателства и бизнис релации, со што сите заедно полесно ќе ја надминеме кризата.

Министерот Николовски ја издвои иницијативата Отворен Балкан како најдобар пример за заемна поддршка во насока на взаемна помош и непречена трговска размена со храна и производи, без граници и без ограничувања. Само здружени ќе имаме моќ да се спротивставиме на економската криза и да обезбедиме доволно храна за сите, потенцираше министерот Николовски.

„Поборник сум за Отворен Балкан затоа што преку практични примери покажавме дека производите од Охрид и Гевгелија многу побрзо можат да се најдат на штандовите во Белград и Нови Сад, отколку нашето патување од Скопје до Белград. Компаниите се задоволни затоа што се олеснети условите, постои зелена лента на граничните премини, поедноставени процедури и взаемно признавање на сите лабораториски анализи и фитосертификати. Тоа значи дека протокот на стока и на производи се одвива непречено, но што е уште подобро со договорот кој го потпишавме за обезбеденост на храна меѓу трите земји членки на Отворен Балкан овозможивме тоа што го немаме ние како земја да го обезбедиме од другите две земји членки и обратно тоа што ние го имаме повеќе да го предадеме кај нив. Во моментов работи веќе комисијата која прави проценка на складишните капацитети во трите земји членки и тоа пред се за стратешките производи. Преку Отврен Балкан до нашите граѓани праќаме порака на сигурност дека доволно храна ќе има за сите граѓани, токму затоа убаво е сите земји во регионот да се приклучат кон оваа иницијатива која што е економска и ја подобрува трговкската размена, иницијатива која ги руши бариерите и која го подобрува животот на сите граѓани“ истакна министерот Николовски.

Покрај македонската делегација на овогодинешното саем „Интерагро 2022“ присутни беа и министри за земјоделство од земјите во регионот на Република Србија Бранислав Недимовиќ, на Босна и Херцеговина Сташе Кошарца и на Република Српска Борис Пашалиќ, што беше уште една можност за меѓусебна размена на мислења и продлабочување на меѓусебната соработка помеѓу државите.

Може да ви се допадне

Директорот на Царина Николовски: Со месеци работиме на истрага за акцизна стока – нешто на што досега било незамисливо да се работи
Саем на рурални домаќинства: Два дена македонски автентични вкусови – поврзување на модерното со традицијата
Николовски: Годинава поднесени 174 кривични пријави, три пати повеќе споредбено со лани
Влада на Србија: Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам од 22 до 25 ноември во Белград
Македонските компании за првпат учествуваат на Меѓународниот саем АДИФЕ, можност за промоција на македонските производи
Таг:бјељинаИнтерагро 2022Николовски
Претходен напис Маржите на основните прехранбени производи остануваат замрзнати до крај на годината
Следен напис Шумските пожари ова лето сведени на минимум во поширокиот велешки регион
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?