Министерот Љупчо Николовски денеска се сретна со заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и со осигурителните компании, а на средбата се разговараше за итно воспоставување на систем за осигурување во земјоделството, со поддршка од државата.

„Во услови на светска криза, и галопирачки климатски промени да се заштити земјоделското производство е приоритет. На денешната средба со заменик претседателот Фатмир Битиќи и сите осигурителни компании разговаравме за итно воспоставување на систем за осигурување во земјоделството, каде целокупното производство ќе биде осигурано од штети, со поддршка од државата.

Систем со кој конечно ќе се решат сите предизвици поврзани со ад-хок исплата на штети, и постоечкиот систем на осигурување, со што ќе го заштитиме земјоделецот и неговиот производ. Храбро, одлучно, и ефикасно работиме на решавање на децениските проблеми.“, стои во објавата на министерот Николовски.

