Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: По 15 години нова, храбра реформа за поголемо домашно производство на храна
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > Николовски: По 15 години нова, храбра реформа за поголемо домашно производство на храна
Саеми и манифестации

Николовски: По 15 години нова, храбра реформа за поголемо домашно производство на храна

Објавено 01/02/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По 15 години во земјава се спроведува нова, храбра, искоординирана реформа што ќе го зголеми домашното производство на храна, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на панелот „Рамномерен регионален и локален развој и придобивки од новиот систем за субвенции во земјоделство“ што се одржа во рамки на годишната конференција „Година на нови можности” .

Николовски се осврна на новиот модел за субвенционирање, информираше дека се во тек постапките за изградба на трите откупни пункта – во Скопје, Ресен и Струмица и уште еднаш ја нагласи поддршката за вистинските земјоделци, младите и жените.

-Ако нешто може да се нарече реформа, тоа е она што денес се случува во земјоделството. Со новиот модел на субвенционирање се елиминираат сите манипулации и неправилности, ја намалуваме сивата економија и поттикнуваме домашно, договорно производство, рече министерот на панелот 4 „Рамномерен регионален и локален развој и придобивки од новиот систем за субвенции во земјоделството“.

Тој потсети дека оваа Влада наследи многу заостанати субвенции, но денес, како што потенцираше, долговите се расчистени.

-Денес зборуваме за усогласување на нашиот земјоделски сектор со ЕУ стандардите, за вистински, сериозни реформи. Со новиот систем, 30 отсто од субвенциите ќе бидат исплаќани авансно, во текот на годината, но обврска е да се одржуваат површините обраболтиви. Притоа, се селектираат битните земјоделски култури. Има основна субвенција за сите култури и дополнителна субвенција за 24 – 25 култури, предвидена е зголемена контрола и се бараат повисоки стандарди од земјоделците. Моделот се врзува со производството. Ќе треба да се докаже производството за да се добијат 100 отсто субвенции, што досега не беше случај, подвлече Николовски.

Говорници на панелот беа и министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, министерот без ресор задолжен за дијаспора, Џемаил Чупи, како и директорката на консултантската фирма „Агротим“, Ленче Николовска.

Може да ви се допадне

Саем на рурални домаќинства: Два дена македонски автентични вкусови – поврзување на модерното со традицијата
Влада на Србија: Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам од 22 до 25 ноември во Белград
Македонските компании за првпат учествуваат на Меѓународниот саем АДИФЕ, можност за промоција на македонските производи
„Фестивал на жетвата“ денеска и утре ќе се одржи во Општина Новаци
Во Вински музеј Кавадарци се одржа Гурмански викенд
Таг:Година на нови можности
Претходен напис Времето денеска сончево со слаб северозападен ветер
Следен напис Утрово најстудено на Попова Шапка, -9, температури над нулата во повеќе градови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?