Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на денешната прес-конференција најави нова поддршка за производителите на ориз.
„Нова поддршка за производителите на ориз каде што ја менуваме подмерката 1.2 и преку измената на висината на дополнителните плаќања на ориз, кои изнезуваат 12.000 денари по хектар без употреба на сертифициран семенски материјал, а 19.000 денари по хектар со употреба на сертифициран семенски материјал. Според информациите од терен голем број земјоделци набавиле сертифициран семенски материјал и на некој начин легитимно беше барањето да биде вгардена оваа мерка која минатите години имаше само двајца апликанти, а сега очекуваме стотици апликанти затоа што е набавен сертифициран семенски материјал, а тие ќе имаат зголемени субвенции, не 12, туку 19.000 денари. Сите земјоделци кои имаат засеано површини со ориз со сертифициран семенски материјал, доказите за набавка на истиот треба да ги достават до подрачните единици на МЗШВ до 14 јули“, рече Николовски.
Целата изјава можете да ја погледнете во следното видео.
