Како се чуваат праските за да се одржат свежи и каде треба да се ставаат оние кои се целосно зрели?
Уште во минатото бербата на праските значело дека семејството се подготвува за правење џем или мармалад, но и дека ќе има премногу овошје кое нема да може одеднаш да се искористи.
Затоа домаќинките внимателно ги издвојувале зрелите праски од оние кои уште можеле и требало да стојат на собна температура.
Тоа го препознавале според следниве знаци:
-светла кора
-тврда овошка на нежен притисок и
-отсуство на изразен мирис
Овие знаци значат дека праската уште не е дозреана. Во тој случај, не треба да се става во фрижидер. Тогаш овошјето се става на собна температура или евентуално во подрум. Иделано е ако можете праските да ги распоредите во плитки гајбички или на послужавник и тоа така што меѓусебно нема да се допираат. Задолжително свртете ги наопаку, да лежат на местото каде што била дршката. Исто така, немојте да ги миете.
Ако праските:
-се портокалови или со црвена боја
-имаат изразен мирис
-меки се под притисок на прстите,
значи дека се зрели и подготвени за употреба. Ако не можете сите одеднаш да ги потрошите, ставете ги во фрижидер по истите упатства – свртете ги наопаку, најдобро во пластична или метална кутија.
Извор: agrosavjet.com
