Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски од акцијата АЈДЕ ДА ПОШУМУВАМЕ ЗАЕДНО – Шумите се нашето богатство, но и наша заедничка обврска да ги сочуваме и обновуваме, ајде заедно да пошумуваме и развиваме шумите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски од акцијата АЈДЕ ДА ПОШУМУВАМЕ ЗАЕДНО – Шумите се нашето богатство, но и наша заедничка обврска да ги сочуваме и обновуваме, ајде заедно да пошумуваме и развиваме шумите
Агровести

Николовски од акцијата АЈДЕ ДА ПОШУМУВАМЕ ЗАЕДНО – Шумите се нашето богатство, но и наша заедничка обврска да ги сочуваме и обновуваме, ајде заедно да пошумуваме и развиваме шумите

Објавено 22/11/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупо Николовски заедно со градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски, претставници на ЈП Нацонални Шуми и КБ Пензинско друштво, денеска во беровско на локацијата Будинарски рид се прикчучија кон големата акција за пошумување – АЈДЕ ДА ПОШУМУВАМЕ ЗАЕДНО.

Оваа година преку акцијата АЈДЕ ДА ПОШУМУВАМЕ ЗАЕДНО, си имаме поставено голема цел, пошумување на 1.200.000 садници, во 19 региони, на 36 локации низ државата. Годинешната голема акција за пошумување започна од овој месец и ќе трае се до 31 март 2024 година. Пошумувајќи површина од над 400 хектари со повеќе различни видови садници како бел и црн бор, јавор, багрем, смрча, даб, чемпрез, јасен, костен и ела.

„Како министерство, наша задача, но и на сите нас како граѓани, е да се грижиме и да ги чуваме нашите шумски убавини и редовно да вршиме обновување со нови садници. Шумите се нашите бели дробови, наше природно и национално богатство, кон кое сите ние треба одговорно да се однесуваме и да ги чуваме“, изјави министерот Николовски.

Првиот дел од голема акција за пошумување се реализа во месеците ноември и декември, преку програмата за проширена репродукција, а започна на 10ти ноември во Делчево со пошумување на локацијата Стар Истевник. Овие денови продолжи во беровско на локацијата Будинарски рид, а веќе на 26 и 27 новемри продолжува во Куманово на локацијата Кокино и во Велес на локацијата Новачани. На овие локации, во првиот дел од акцијата, заедно со нашите партнери пошмуваме површина од 241 хектар, со засадување на над 580.000 различни садници.

Министерот Николовски во својата изјава истакна и дека го радува, и за голема почит е, фактот што многу општествено одговорни компании и граѓански организации се приклучија кон оваа акција за пошумување, но и преку сопствени иницијативи, во соработка со нас, организираат акции за пошумување и збогатување на шумскиот фонд. 

Токму во овие два месеци, на овие локации, во акцијата за пошумување активно се приклучија учениците од средните училишта „Раде Јовчевски – Корчагин“ и „Орце Николов“, потоа Сојузот на извидници на Македонија, здружението Менендмаунтаин, општествено одговорните компании Телеком, ДМ Дрогерии, Халкбанка, КБ Пензинско друштво, кои покрај со своето учество во оваа акција донираа садници и опрема.

Ги повикуваме сите граѓни љубители на природата редовно да не следат и да се приклучат во оваа голема акција за пошумување. Ајде да пошумуваме заедно, ајде заедно да ги чуваме и унапредуваме шумите. За нас, за нашите деца за нашата заедничка иднина.

Може да ви се допадне

Трет третман на терестичка дезинсекција на територија на Општина Куманово
Се чекаат резултатите за заболените во Гостивар, на повеќе места низ градот се дели пакувана вода за пиење
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на претседателката на Индија
Редовно наводнување на културите и почитување на препораките за работа на отворено, препорачуваат агрометеоролозите
Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
Претходен напис Во Западна Србија падна првиот снег
Следен напис Променливо облачно, претпладне со услови за локален дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?