Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Неприфатливо е барањето увозот на смрзнато свинско месо да биде со нула царинска стапка и без утврдени квоти  
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Неприфатливо е барањето увозот на смрзнато свинско месо да биде со нула царинска стапка и без утврдени квоти  
Агровести

Николовски: Неприфатливо е барањето увозот на смрзнато свинско месо да биде со нула царинска стапка и без утврдени квоти  

Објавено 11/08/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за земјоделие не ги прифаќа барањата на Групацијата за производство на месо и преработки од месо, за менување на законската регулатива, укинување на царината и ограничување на увозот на смрзнато свинско месо.

Министерот Љупчо Николовски за „Локално“ вели дека  евентуалното прифаќање на, според него, не докрај разгледани и од стручната јавност потврдени предлози како долгорочно укинување со закон на царината за увоз на смрзнато свинско месо, може на подолг рок да ги стави во ризик сите од подсекторот свињарство, а со тоа да се влијае и на другите земјоделци, производители на јачмен, пченица и пченка.

„За МЗШВ неприфатливо е увозот на смрзнато свинско месо да биде со нула царинска стапка и без уврдени квоти. Она што како министерство можеме да го разговараме е само во насока за утврдување на прифатливи квоти кои би биле ограничени временски при нула царинска стапка, или пак да се договори процент кој е прифатлив, што би значело намалување на процентот од 25%, договорен и прифатен од засегнатите страни, без да има во тој случај ограничување на квотите. Со предлогот би била задоволена потребата на преработувачката индустрија без да постои страв или пак можност за нарушување на домашното производство. Крајното решение треба да се најде заенички и партнерски, се со цел понатамошен развој на свињарството од една и искористување на потенцијалот на преработувачката индустрија од друга страна“, објаснува Николовски.

Според него Министерството со години активно вложува и го поддржува развојот на сточарството. Поддршката за преработувачите се обезбедува преку ИПАРД програмата која како што наведува, веќе ја искористиле седум препработувачки компании за свинско месо во вредност од 28 милиони денари а во тек е и последниот јавен повик од ИПАРД 2 програмата во висина од 8,8 милиони евра.

Од Царинската управа за „Локално“, посочуваат дека во рамки на распределените ингеренции, нивната надлежност е  при спроведување на увозната постапка да  проверуваат дали се издадени соодветни дозволи или согласности од релевантни инспекциски служби кои со издадената дозвола или согласност потврдуваат исполнување на пропишаните услови за увоз на конкретните прехрамбени производи.

Целото интервју може да го прочитате на следниот ЛИНК

Извор: Локално.мк

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Николовскисвинско месоувозотутврдени квотицаринска стапка
Претходен напис Намален вкупниот промет во индустријата 
Следен напис Во Скопје терестрична дезинсекција против комарци, пчеларите навреме да ги заштитат пчелите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?