Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Намален вкупниот промет во индустријата 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Намален вкупниот промет во индустријата 
Агровести

Намален вкупниот промет во индустријата 

Објавено 11/08/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во јули годинава вкупниот промет во индустријата е намален за 0,3 отсто во споредба со претходниот месец при што прометот  на домашниот пазар е зголемен за 2,1 отсто, а на странските пазари е намален за 0,9 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот промет во индустријата во јуни 2023 година, во однос на јуни 2022 година, бележи пораст кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 17,7 отсто, а опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 12,4, Капитални производи за 1,3 и Tрајни производи за широка потрошувачка за 6,2 отсто.

Вкупниот промет во индустријата во јуни 2023 година, во однос на мај 2023 година е намален за 7 отсто, додека во периодот јануари − јуни 2023 година, во однос на периодот јануари − јуни 2022 година е зголемен за 4,9 отсто.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, пак, во јуни 2023 година, во однос на јуни 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 14,8 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,6 отсто, додека опаѓање има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4,4  отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 16,2 отсто.

При тоа прометот во индустријата на домашниот пазар, во јуни 2023 година, во однос на мај 2023 година е зголемен за 3,8 отсто, додека во периодот јануари − јуни 2023 година, во однос на периодот јануари − јуни 2022 година е зголемен за 1,5 отсто.

За разлика од него, прометот во индустријата на странските пазари во јуни 2023 година, во однос на јуни 2022 година, бележи пораст кај  Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,5  отсто, и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 23,7  отсто, додека опаѓање има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 15,7 отсто и Капитални производи за 1 отсто.

Прометот во индустријата на странските пазари, пак, во јуни 2023 година, во однос на мај 2023 година е намален за 9,7 отсто, додека во периодот јануари − јуни 2023 година, во однос на периодот јануари − јуни 2022 година е зголемен за 5,9 отсто.

МИА

Може да ви се допадне

Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Таг:индустријатаНамаленпромет
Претходен напис УХМР: Од утре постепен пораст на температурата, во четврток ќе достигне до 37 стпени
Следен напис Николовски: Неприфатливо е барањето увозот на смрзнато свинско месо да биде со нула царинска стапка и без утврдени квоти  
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?