Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски најави воведување пилот мерка во овоштарството – линеарна исплата за обработлива земјоделска површина независно од културата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски најави воведување пилот мерка во овоштарството – линеарна исплата за обработлива земјоделска површина независно од културата
Агровести

Николовски најави воведување пилот мерка во овоштарството – линеарна исплата за обработлива земјоделска површина независно од културата

Објавено 08/02/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На денешната седница, Владата ја усвои Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за оваа 2022 година, којашто е резултат на опсежни анализи на искористеноста на средствата, земајќи го предвид развојниот ефект на субвенциите и отстранувањето на можноста за нивна злоупотреба.

„Воведуваме повеќе новитети со кои се усогласуваме со европската регулатива, со единствена цел – да го доближиме македонскиот до европскиот аграр, да имаме модерно и конкурентно земјоделство, и крајно овој сектор да стане основа на македонската економија“, нагласи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

За првпат се врши усогласување со политиките на ЕУ преку воведување на пилот мерка во овоштарството за линеарна субвенција. Оваа мерка е по основ на европската мерка „decoupling“, која подразбира линеарна исплата за обработлива земјоделска површина независно од културата. Новитет е што исплатата за оваа мерка ќе се врши во тековната година, во периодот од септември 2022 година до декември. Да биде појасно, сите овоштари ќе добијат авансно 12.000 денари од вкупната сума колку што изнесува основната субвенција во тековната година, односно кога им се најпотребни во ек на берба, а остатокот од основната субвенција ќе се исплати следната година како и досега. На пример ако за еден хектар јаболков насад вкупната поддршка е 50.000 денари, 12.000 денари ќе му бидат исплатени авансно во тековната година, а остатокот од 38.000 денари ќе се исплатат до месец мај следната година како и досега. Практично, со овој модел овоштарите ќе имаат две исплати.
Ваквиот начин на субвенции согласно европските регулативи е предвидено следната 2023 година да се воведе и за останатите мерки по површина, односно за поледелство, градинарство и лозарство.

За успешна реализација на овие мерки ќе се измени Законот за земјоделство и рурален развој, со кој ќе се овозможи на Платежната Агенција да врши 30 отсто авансна исплата, пред завршувањето на административните контроли и контролите на терен.

Може да ви се допадне

Минималните трошоци во јули 68.498 денари, намалени за 156 денари
Нивото на Дунав во Романија најниско во последните 30 години, нарушен бродскиот сообраќај и земјоделството
Трет третман на терестичка дезинсекција на територија на Општина Куманово
Се чекаат резултатите за заболените во Гостивар, на повеќе места низ градот се дели пакувана вода за пиење
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на претседателката на Индија
Таг:линеарна субвенција
Претходен напис Утре ќе се знаат мерките за оризот, Николовски апелира да се стави крај на политичките поделби во земјоделството
Следен напис Конечно прво „отворање“ на програмата за директни плаќања – амбициозно и без пардон: Kој сѐ користи субвенции и како тие да имаат развоен ефект
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?