Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска беше во посета на живинарската фармата „Везе Шари“ во село Требеш, Тетовско, една од трите најголеми производители на јајца во нашата земја, со производство на над 30 милиони конзумни јајца годишно.



„Во посета сум на уште една успешна бизнис приказна, живинарската фармата „Везе Шари“ во село Требеш, Тетовско. 20 години посветеност, работа и упорност има вложено семејството Шари во својот бизнис. Оваа живинарска фарма е меѓу трите најголеми производители на јајца со производство на над 30 милиони конзумни јајца годишно.

И тука не завршува амбицијата на Арбен. Тој е сопственик и на фирмата „Lecker“, која произведува 5 тони сувомеснати производи дневно. Како корисник на ИПАРД, Арбен Абдурахмани се вбројува во оние производители кои вредно и посветено ги потрошиле средствата за набавка на опрема и модернизација на своето производство.

За да оваа приказна биде уште еден показател за успех, е и неговата Биоцентрала за производство на сопствена струја со која освен за свои потреби, има капацитет и го обезбедува со струја цело село Требеш. Навистина сум среќен кога гледам како посветено, одговорно и свесно се работи, и како паметно, со искористеност на сите мерки што ги нуди државата се инвестира во сопствениот бизнис.“, рече Николовски.


