-Имам посебна чест и задоволство да присуствувам, и да ја отворам манифестацијата „Државна изложба на ловечки трофеи 2022“ која се одржува за прв пат после 41 година.


Изложбата на ловечки трофеи го покажува и трендот на сериозниот пристап кон ловството за што се залагаме последните години, а тоа значи пристап кон сериозните реформи во ловството на Република Северна Македонија. Како министерство ќе продолжиме и понатаму со напорна работа и соработка со ловците како и со Ловечката федерација на Македонија, при спроведувањето на клучни и значајни реформи.

Честитки за прекрасната организација на Ловечката федерација и претседателот на Федерацијата. Поддршката од МЗШВ продолжува и во иднина, рече министерот Николовски.




